Џорџина отпатува во Кан со приватниот авион на Роналдо – во секси тоалета, еден месец по породувањето (фото)
- Детали
- четврток, 26 мај 2022
На Инстаграм фотките е среќна и насмеана, а фотографите на црвен тепих ја „уловија“ намуртена со пијалак во раце додека се движи меѓу присутните на Кански фестивал. Партнерката на Роналдо за првпат зачекори на црвениот тепих по породувањето со ќерката и загубата на новородениот син.
Еден месец по породувањето со ќерката и загубата на новородениот син, партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез (28) се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан.
Манекенката, која е најпозната по врската со славниот фудбалер, објави повеќе фотографии на нејзиниот Инстаграм профил на кои се гледа дека од Англија до Франција отпатувала со приватниот авион на нејзиниот партнер.
Џорџина пристигна во Кан во црн кожен комбинезон, а на црвениот тепих се појави во сребрена тоалета со длабоко деколте и висок шлиц.
Сепак, фотографите ја уловија како со намуртено лице и пијалак во рака се движи меѓу присутните.
Инаку, ова е првпат моделот да зачекори на црвениот тепих откако пред еден месец на свет ја донесе ќерката Бела Есмералда, но истовремено го загуби новородениот син.
Како што може да се види од фотографиите објавени на Инстаграм, веднаш по присуството на Кански фестивал, Џорџина се вратила во Манечстер за да им се посвети на новородената ќерка и на другите четири деца на Роналдо.
Прочитајте и Татко ѝ бил во затвор за продажба на дрога, работела како дадилка во Лондон: Факти за Џорџина Родригез
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело