Џорџина Родригез со една фотка „ги подгреа“ гласините дека пак е бремена
- Детали
- вторник, 09 јануари 2024
„Да не има ново бебе на пат?“ – ја прашуваат фановите Џорџина, откако таа објави фотка на која се гледа како децата ѝ го бакнуваат стомакот.
Партнерката на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, за време на празниците објави повеќе фотографии од времето што го поминале со семејството, а една заедничка фотка со децата ги подгреа гласините дека инфлуенсерката и модел е повторно бремена.
„Моето семејство, мојот живот“ – напиша Џорџина до фотографиите на кои таа е заедно со децата и пријателите за време на празниците.
На првата фотографија Џорџина позира во краток бел фустан во приватниот авион на нејзиниот партнер, а на другите е заедно со децата, но заради една фотка нејзините следбеници во коментари почнаа да ја прашуваат дали објавата има скриена порака и дали таа повторно е бремена.
„Да не има ново бебе на пат? Изгледа како децата да ѝ го бакнуваат стомакот...“ – ја прашуваат следбениците заради фотографијата на која се гледа како децата ѝ го бакнуваат стомакот додека беше бремена со близнаците, а на друга ѝ го бакнуваат стомакот додека таа ја држи во рацете ќеркичката Бела Есмералда.
Инаку, оваа објава следува откако долго време се пишуваше дека парот е во криза и дека нивната врска би можела да се распадне, а Џорџина одлучи на сите да им покаже дека таа и Кристијано се сѐ уште вљубени еден во друг.
За потсетување, Кристијано Роналдо има 3 деца, кои ги доби со помош на сурогат мајки, а од врската со Џорџина ги доби ќерките Алана Мартина и Бела Есмералда.
Погледнете дел од новите фотки на Џорџина во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело