Џорџина и Роналдо го прославија 6-иот роденден на близнаците што фудбалерот ги доби со сурогат мајка
- Детали
- вторник, 06 јуни 2023
Џорџина Родригез објави неколку фотки од роденденската прослава на Марија и Матео, но многумина ја критикуваат дека таа повторно се ставила себеси во прв план со скапиот накит, облека и чанта.
Близнаците Марија и Матео, кои Кристијано Роналдо ги доби со сурогат мајка, наполнија 6 години. Роденденот го прославија во Мадрид, со две тематски забави одеднаш – со фудбалски мотиви за Матео и малата сирена за Марија.
Џорџина, свршеницата на Роналдо, објави неколку фотки од забавата и им го честиташе роденденот на близнаците.
Сепак, многумина ѝ замерија што фокусот не бил на децата, туку повторно таа се ставила во прв план, со скапиот накит, облека и чанта.
„Џорџина може да постира што сака, тоа е нејзини Инстаграм, а вие што ја критикувате немате почит кон неа“, стои во еден од коментарите со поддршка за неа.
Освен близнаците Марија и Матео, фудбалерот и Џорџина ги имаат и синот Кристијано Јуниор, кого Роналдо исто така го доби од сурогат мајка, но и ќерките Алана Мартина и Бела Есмералда.
Прочитајте и Роналдо ѝ го честита 1-иот роденден на ќеркичката која го загуби близнакот при раѓањето: „Тато те сака многу“
A. J. | Црнобело