Со приватниот авион на Роналдо „побегна“ на Малдиви – Како Џорџина го прослави 30-иот роденден?
- Детали
- недела, 28 јануари 2024
„Жените во врска не треба да објавуваат вакви фотки“ – ја критикуваат фановите Џорџина Родригез, откако таа објави низа фотографии на кои позира во танга бикини и ги покажа сите свои облини за време на роденденското патување на Малдиви.
Партнерката на Кристијано роналдо, Џорџина Родригез викендов го слави својот 30-ти роденден, а по тој повод, одлучи да отпатува на Малдивите, каде, како што може да се види, славела со пријателите, но и со децата.
Џорџина, на Малдивите замина сама, со приватниот авион на Роналдо, а се пофали со цртежите и честитките што ги добила од нивните деца.
Нејзиниот партнер, заради обврските не можеше да ја придружува.
Фотки на кои трча во танга бикини на плажа, но и фотки од букетот рози што го добила. Џорџина со своите следбеници на Инстаграм сподели повеќе моменти од патувањето.
Сепак, дел од нејзините следбеници ја критикуваат дека фотките што ги објавува се несоодветни и дека на жените во брак (или во сериозна врска) и на мајките не им доликува да се фотографираат разголени.
Погледнете дел од нив во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело