Која е Џорџина Родригез, девојката со која Роналдо го очекува своето 4-то дете?
- Детали
- среда, 19 јули 2017
22-годишната Џорџина е во врска со фудбалерот од 2016-та година. Веројатно веќе знаевте дека таа по професија е модел и работи во Мадрид.
Но, дали знаете нешто повеќе за Џорџина Родригез? Која е всушност таа и како парот се запозна?
Сѐ што треба да знаете за убавата девојка на Роналдо:
Која е Џорџина Родригез и од каде е?
Згодната убавица е родена во град во Шпанија, Хака на 27-ми јануари, 1995-та година.
Според шпанско списание, таткото на Џорџина, Хорхе Родригез е од Аргентина и е поранешен фудбалер. Истиот извор тврди дека нејзината мајка загинала во сообраќајна несреќа во 2011-та и оттогаш таа живее сама со татко ѝ.
Што работи?
Родригез моментално работи како модел во агенцијата Uno Models во Мадрид. Претходно работела како продажен асистент во продавница на Gucci. Таа учела англиски јазик во Лондон, а била и обучена танчерка.
Колку долго се во врска Џорџина и Кристијано и како се запознале?
Парот првпат беше поврзан во ноември 2016-та, кога беа забележани љубовни искри на нивната прошетка во Дизниленд Париз.
Се верува дека тие првпат се запознале кога фудбалерот ја видел во ВИП делот на некој настан на Dolce & Gabbana.
Оттогаш тие се забележани заедно на повеќе места, на романтични вечери, на одмор на Ибица, споделуваат заеднички фотки на социјални мрежи и изгледаат целосно заљубено.
Дали Родригез ги следи натпреварите на Роналдо?
Таа неколкупати присуствувала на натпреварите на Реал Мадрид за да го гледа нејзиното момче на теренот. На трибините Џорџина е забележана како седи со неговиот син, Кристијано Џуниор.
Фудбалерот заедно со девојката и синот ја прими наградата од FIFA за најдобар играч.
Моделот и фудбалерот очекуваат дете
Најновата информација за парот е дека Џорџина е бремена, а по многубројните гласини, конечно и фудбалерот го потврди тоа.
Роналдо е пресреќен што ќе стане татко по 4-ти пат и едвај чека да му посака добредојде на најновиот член во семејството.
М. М. | Црнобело