Вирална фотка од Џорџина: Ирански весник со лош Фотошоп ѝ го „отстрани“ задникот
- Детали
- сабота, 17 февруари 2024
По виралната фотка со лошиот Фотошоп Џорџина објави видео од тренингот со нејзините инструктори по танц. Џорџина покажа со што располага и дека не е „рамна како даска“, откако еден ирански весник одлучи да ѝ го отстрани задникот.
Минатата недела Џорџина Родригез го прослави роденденот на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо без големи подароци и забави, но за еден ирански весник, и „скромното“ издание на Џорџина било премногу провокативно па одлучиле да го преуредат.
Фотошопираната фотографија на Џорџина Родригез од роденденот на Кристијано Роналдо стана вистински хит на социјалните мрежи.
Иранскиот весник Hamshahri одлучил да ја преуреди фотката на која Џорџина позира со Роналдо и нивните деца пред двете торти што му ги подготви за роденден, но на местото на нејзиниот заоблен задник, може да се види само замачкан дел, кој најверојатно е резултат на лошото користење на алатки за уредување фотографии.
Весникот The Sun ја пренесува изјавата на личност блиска до Џорџина која наводно изјавила:
„Џорџина ќе биде многу вознемирена. Таа работи напорно за да го добие телото што го посакува и многу е горда на сопствените облини.
Тоа само покажува колку се изобличени погледите за женското тело во некои делови од светот. Па тоа е само задник“.
Откако фотката почна масовно да се споделува на социјалните мрежи, Џорџина одлучи на свој начин да им се спротивстваи на неистомислениците.
Таа објави видео од тренингот по танцот бачата што го имала во нејзиниот дом во Ријад со нејзините лични тренери.
Во видеото во розови кратки пантолони Џорџина ги покажа сите свои облини и уште еднаш докажа дека нејзиниот задник не е рамен, како што сакаат тоа да го прикажат некои весници и да ја цензурираат.
Б. С. Б. | Црнобело