Само торта и рози – Џорџина „потфрли“ за роденденот на Роналдо
- Детали
- среда, 07 февруари 2024
Џорџина не упати јавна честитка до Роналдо за неговиот роденден, а годинава наместо со луксузни подароци, денот го одбележа само со торта и рози. Фудбалерот, пак, тврди дека конечно го прославил роденденот на најдобриот можен начин.
Познато е дека низ годините, Џорџина Родригез со големи гестови го прославуваше роденденот на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо, но овој пат важниот ден го одбележа само со торта и рози.
Познато е дека таа сака да се фали со скапите и луксузни подароци што сама му ги купила на партнерот, но овој пат, на нејзиниот профил на Инстаграм нема ниту официјална честитка до Кристијано.
Роналдо, пак, од друга страна, објави неколку фотографии на кои напиша дека неговиот 39-ти роденден го прославил во домашна атмосфера само со децата, а до фотките напиша:
„Благодарен сум што го прославив 39-тиот роденден на најдобриот можен начин: со семејството и на теренот за тренинг. Ви благодарам на сите за убавите честитки“ – на што Џорџина накратко одговори:
„Те сакаме“.
Како што може да се види од фотките, Џорџина на Роналдо му подготвила торта во два дела: еден чоколаден и еден овошен, а освен тоа, фудбалерот добил и неколку аранжмани со бели рози.
Сѐ на сѐ, оваа прослава и подароци се далеку пооскудни од подароците што таа ги подготвуваше во минатото.
За потсетување, во 2022-ра таа на фудбалерот му купи автомобил вреден 177.000 долари.
Студениот однос на Џорџина од изминатиот период и тоа што не му го честита јавно роденденот на Инстаграм, повторно ги подгреа гласините дека тие двајца не се во најдобри односи.
Прочитајте и Роналдо, по влечки, го прими роденденскиот подарок од Џорџина - му купи автомобил од 177.000 евра
Б. С. Б. | Црнобело