„Отсекогаш знаев дека сакам да имам деца. Мислам дека тоа никогаш не беше прашање за кое размислував. Повеќе ми беше страв дали ќе најдам маж со кој ќе можам да делам сè, па и родителските обврски“, рече во интервју поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра, и прозборе за мајчинството и низ што сè поминала пред да го запознае сопругот Ник Џонас.