Зошто Џулија Робертс е една од најскромните (и најомилени) жени во Холивуд?
- Детали
- сабота, 01 април 2023
Актерката стапи во брак на 35 години, а две години подоцна стана мајка за првпат во животот. Не сака холивудски гламур, сака да биде среќна мајка и сопруга... Обожава да готви за своите деца, да им шие и да ги носи на училиште.
Џулија Робертс не е како другите славни дами од Холивуд. Таа е природна, приземјена и своја.
Таа не живее за лајкови, туку живее за себе и своето семејство во својата реалност. Во секојдневието не сака гламур, сака да води нормален и среќен живот, како сопруга и мајка.
Во почетокот на 2000-тите години таа го доживеа врвот на популарноста. Актерката водеше гламурозен живот, а потоа го сретна кинематографот Даниел Модер и нејзиниот живот комплетно се промени.
За него славата на неговата сакана не беше проблем, а таа беше задоволна кога се пресели во скромниот стан на нејзиниот сакан во Лос Анџелес.
На денот на својата свадба, Џулија побрза да ја соблече својата гламурозна венчаница и, облече фармерки за да им готви на своите гости.
Актерката стапи во брак на 35 години, а две години подоцна стана мајка за првпат во животот.
На прашањата зошто немала деца порано во животот, Џулија одговараше: „До оваа фаза веќе имав постигнато многу и се чувствував самоуверено, бев навистина среќна што ќе започнам нова, семејна фаза од мојот живот.“
По раѓањето на близнаците, таа не брзаше да се врати на екраните и да се докажува колку е кул, интересна и луда.
Едноставно, вели дека најголемо задоволство ѝ било да живее со сопругот и децата на ранч во Мексико, настрана од сè, и да ужива во новата фаза од животот.
По три години роди уште едно дете.
Таа има низа титули и награди во животот, но вели дека најголемо задоволство ѝ е да шие облека за своите деца, да готви за нив, да ги носи на училиште и да ужива со семејството.
Денес нејзините деца се на возраст од 18 години (близнаците) и на 15 години (најмалото дете).
Вели дека себеси се смета повеќе за домаќинка, отколку за актерка.
Главна филозофија во животот ѝ е дека очите треба да бидат тргнати од екраните, а вниманието да е посветено на децата.
Џулија вели дека одлучила да стане мајка само кога сфатила дека го запознала вистинскиот партнер со кој би сакала да се реализира во оваа улога, и дека кога се чувствува несигурно оди и ги прашува децата: „Каква мајка сум јас?“.
Прочитајте и Го оставила вереникот, зад себе има еден неуспешен брак – Бурниот љубовен живот на Џулија Робертс
С. С. | Црнобело