Го оставила вереникот, зад себе има еден неуспешен брак – Бурниот љубовен живот на Џулија Робертс

Била во врска со Лијам Нисон, се свршила со Кифер Сатерленд, но го оставила 3 дена пред свадбата, а имала афера со нејзиниот сегашен сопруг кој потоа се развел од сопругата за да биде со Џулија – актерката имала бурен љубовен живот.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-01.jpg

Џулија (54) зад себе има еден неуспешен брак, една раскината свршувачка и повеќе врски со познати актери.

Таа летово беше фотографирана од папараци како страсно се бакнува со сопругот Дени Модер (52) на јахта и потврди дека и по речиси две децении уште е вљубена во сопругот со кого има три деца Финеус, Хејзел и Хенри.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-02.jpg

„Тој и до ден денес, до овој миг е мојот омилен човек. Многу повеќе ме интересира што ќе каже тој отколку кој било друг. Ние навистина многу се сакаме и уживаме во меѓусебното друштво“ – рече Џулија во 2018-та година во гостувањето кај Гвинет Палтроу.

Во истото гостување кажа дека мигот кога го запознала својот сегашен сопруг се случила вистинска „тектонска промена во нејзиниот живот и знаела дека нејзиниот живот повеќе нема да биде ист“.

Прочитајте и Џулија Робертс со седа коса и во сосема природно издание се бакнува со сопругот на јахта (фото)

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-10.jpg

Џулија и Дени се познати по тоа што својот приватен живот го кријат подалеку од очите на јавноста. Не говорат премногу за себе и за својот брак. 

Сепак патот до вистинската љубов на актерката што се прослави со улогите во филмовите Pretty Woman, Runaway Bride, Erin Brockovich, не беше толку едноставен.

Таа зад себе има еден пропаднат брак, раскината свршувачка, но и повеќе врски со познати актери.

Неколку интересни факти за бурниот љубовен живот на Џулија Робертс:

Во периодот од 1987-ма до 1988-ма година Џулија Робертс била во врска со актерот Лијам Нисон, откако заедно играле во филмот Satisfaction. Тие двајца дури во еден период живееле заедно пред да раскинат.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-03.jpg

Во 1990-тата година Џулија беше во врска со актерот Кифер Сатерленд. Тие се запознале на снимањето на филмот Flatliners, а откако биле во врска помалку од една година ја објавиле и свршувачката. Свадбата била закажана за јуни 1991-та година, но на само три дена пред церемонијата Џулија го напуштила Кифер.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-04.jpg

Во јуни 1993-та година Џулија стапила во брак со десет години повозрасниот од неа музичар Лајл Ловет. Сепак, бракот не траел долго, па во 1995-тата година се развеле.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-06.jpg

Во периодот од 1997-мата до 2001-та Џулија била во врска со Бенџамин Брат и се смета дека тоа е една од нејзините најдолги романтични врски.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-07.jpg

Во 2002-та година Џулија стапи во брак со сегашниот сопруг Дени Модер со кого се запознаа на снимањето на филмот Mexican во 2001-вата година. Во тој период Дени работел како камерман, а Џулија ја толкуваше главната женска улога.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-09.jpg

Во периодот кога го запознала Дени, тој бил во брак со Вера Стајмберг, но не можел да се откаже од привлечноста што ја чувствувал за Џулија и се развел.

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-08.jpg

Дени и Џулија стапиле во брак само еден месец откако тој и официјално се развел од поранешната сопруга. Во 2004-та година ги добија близнаците Хејзел и Финеус (17), а во 2007-та го добија синот Хенри (14).

go-ostavila-verenikot-zad-sebe-ima-eden-neuspeshen-brak-fakti-za-burniot-ljuboven-zhivot-na-djulija-roberts-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg