Џулија Робертс со седа коса и во сосема природно издание се бакнува со сопругот на јахта (фото)
- Детали
- четврток, 12 август 2021
Како изгледа Џулија Робертс кога не е на црвениот тепих? Очигледно изгледа одлично, а и таа се обидува да ја нормализира седата коса како и други познати дами.
Џулија Робертс (53) и нејзиниот сопруг Даниел Модер (52) со кого е во брак 19 години беа забележани како се бакнуваат на луксузна јахта додека се на одмор заедно со нивните три деца во Италија, на брегот Амалфи.
На фотографиите на кои страсно се бакнува со нејзиниот сопруг може да ја видиме славната актерка во сосема природно издание: со седа коса, виолетови монокини и кратки џинс пантолони.
На јахтата заедно со нив беа и нивните деца, близнаците Хејзел и Финеус (16) и 14-годишниот син Хенри, а Џулија и Даниел изгледаа мошне вљубено. Пред Даниел да ја соблече маицата и да се фрли во водите, актерката страсно го бакна, а папарацо фотографите го уловија.
За потсетување, Џулија и Даниел се запознаа во 2000-тата година на сетот на филмот Mexican каде таа глумеше заедно со Бред Пит. Даниел исто така работи во филмската индустрија, но како кинематограф.
Повеќе фотографии од нивниот одмор во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело