Се каел што ѝ раскинал, почина на нејзиниот роденден: Тажната (и кратка) љубовна приказна на Метју Пери и Џулија Робертс
- Детали
- недела, 04 август 2024
На почетокот се допишувале исклучиво преку факс, се гледале краток период, но Метју одлучил да стави крај на врската бидејќи бил сигурен дека кога-тогаш, Џулија ќе му раскине…
Во 1990-тите, кога беа меѓу најпопуларните актери во светот, Џулија Робертс и Метју Пери беа пар.
Нивната врска не траеше долго, но фановите се убедени дека Џулија му била сродната душа на Метју.
Додека беа заедно, актерите не ја потврдија врската, а и нивните заеднички фотографии се реткост.
Неколку детали за нивната кратка и тажна љубовна приказна:
Во 1995 година, Џулија Робертс гостуваше во серијата Friends, а епизодата насловена The One After the Superbowl е една од омилените на фановите.
Кога Џулија добила понуда да се појави во серијата, таа имала само еден услов – нејзиниот лик некако да биде поврзан со Чендлер, односно ликот на Метју Пери.
„Џулија доби понуда да глуми во епизода од втората сезона и рече дека ќе ја сними само ако биде дел од приказната на Чендлер.
Да повторам – рече дека ќе се појави во серијата само ако биде дел од мојата приказна.
Но, прво требаше некако да ја освојам“, откри Метју Пери во неговите мемоари.
Најпрво, актерот ѝ испратил 36 рози, со цел да ѝ каже колку е среќен за потенцијалната соработка.
„Таа ми одговори дека ако успеам да ѝ ги објаснам правилата на квантната физика, тогаш ќе се согласи да се појави во серијата.
Следниот ден, ѝ испратив научна студија за дуалноста на честичките и принципот на неопределеност…“, откри актерот во мемоарите.
Пред некоја година, една од авторките на серијата Friends откри дека по тие две пораки, Џулија и Метју почнале да се допишуваат.
Не се слушале по телефон, не си праќале мејлови, туку комуницирале, односно флертувале, исклучиво преку факс.
Додека пробувал да ја освои, Метју барал помош од колегите во Friends.
„Џулија му испраќаше пораки преку факс, и прашања како ’Зошто да излезам со тебе?‘, и ние, авторите, му помагавме да ѝ објасни зошто.
Сигурна сум дека би се снашол добро и без нас, но сакавме да станат пар и се обидувавме да му помогнеме“, вели авторката.
На крај, Џулија „паднала“ на шармот на актерот и не само што се согласила да се појави во серијата, туку почнала и да се гледа со него.
„Џулија прифати да се појави во серијата, а ми испрати и подарок – ѓевреци, многу ѓевреци.
Ѝ дозволив да влезе во мојот живот и почнавме врска.
Додека да почневме со снимањето на епизодата од Friends, веќе бевме пар“, открива актерот во неговите мемоари.
Но, проблемите со зависност на актерот претставувале пречка, најмногу за него.
Иако Џулија се обидувала да му даде поддршка, актерот станувал параноичен, па решил да ѝ раскине – одлука за која многу жалел.
„Врската со Џулија Робертс беше премногу за мене. Бев убеден дека ќе ми раскине.
И, зошто би останала со мене? Не бев доволно добар за неа, никогаш немаше да бидам доволно добар. Бев скршен, личност која никој не може да ја сака.
Па, наместо да се соочам со агонијата дека некогаш ќе ја загубам, ѝ раскинав на убавата и брилијантна Џулија Робертс…
Не можам ни да го опишам збунетиот израз на нејзиното лице“, откри Метју во мемоарите.
Низ годините, актерката пробувала да го поддржува.
За жал, Метју почина минатата година, и тоа на роденденот на Џулија – 28-ми октомври.
Неколку дена по смртта, во интервју, Џулија прозборе за смртта на актерот.
„Ненадејната смрт на некој толку млад ми го крши срцето.
Мислам дека ова барем ни помага да ги цениме работите што ги имаме и да останеме позитивни што е можно повеќе“.
Спирова С. | Црнобело