Бритни Спирс објавува фотки со друг маж на Хаваи, Сем Ашгари го извади прстенот, по гласините за проблеми во бракот (фото)
- Детали
- петок, 31 март 2023
Деновиве Бритни Спирс е на Хаваи со нејзиниот менаџер, а сопругот Сем е во Лос Анџелес. Додека Бритни споделува фотки со менаџерот, и таа и Сем беа фотографирани без нивните прстени, само неколку денови откако се појавија гласини дека можеби ќе се разделат.
Само 10 месеци по свадбата, се појавија гласини дека Бритни Спирс и Сем Ашгари имаат сериозни проблеми во бракот, а деновиве и двајцата беа забележани без нивните прстени.
Моментално Бритни Спирс е на Хаваи со нејзиниот менаџер, додека Сем е во Лос Анџелес.
Само неколку денови пред пејачката да замине на одмор, Сем беше фотографиран во Лос Анџелес без прстен.
Бритни, пак, сподели неколку фотки и видеа од патувањето, а на дел од нив го прегрнува менаџерот Кејд Хадсон.
https://www.instagram.com/p/CqWfw34snH4/
Истовремено, Daily Mail сподели и папарацо фотки од пејачката на кои не го носи прстенот.
Бритни излегува од автомобил и држи кадифено мече, а потоа се качува во приватен авион.
Гласините за брачните проблеми на Бритни и Сем се појавија откако пејачката сподели видео од патување пред свадбата, со опис:
„Пред да се венчам… Многу сум среќна и весела овде“.
Потоа Бритни објави и други стари фотки и видеа, од кои дел се направени уште пред да го запознае Сем.
Бритни и Сем се венчаа во јуни 2022 година, а на свадбата присуствуваа дел од најголемите ѕвезди, како Парис Хилтон, Мадона, Селена Гомез и Дру Баримор.
Членовите на семејството на пејачката, вклучувајќи ги нејзините родители, не беа поканети.
Ова е третиот брак на Бритни, по разводот со Кевин Федерлајн и бракот со Џејсон Александер кој траеше само 55 часа.
Со Кевин, пејачката има два сина, кои поголемиот дел од времето го минуваат со татко им.
Прочитајте и Поранешниот сопруг упадна со нож, невестата ги пречека гостите во дијамантска танга – Нови детали за свадбата на Бритни Спирс (фото)
Спирова С. | Црнобело