Први фотки од свадбата на Бритни Спирс (40) со 12 години помладиот Сем – си ја исполни желбата која ѝ беше забранета од татко ѝ
- Детали
- петок, 10 јуни 2022
Откако се ослободи од старателството на татко ѝ, Бритни Спирс си ја исполни желбата и се омажи за 12 години помладиот Сем Ашгари - погледнете ги првите свадбени фотки.
Бритни Спирс и Сем Ашгари ја крунисаа својата љубов на 9-ти јуни во Лос Анџелес, пред 60 гости помеѓу кои се најдоа и познати личности како Мадона, Парис Хилтон, Дру Баримор и други.
По долгогодишно старателство од страна на нејзиниот татко, од кое се ослободи во ноември 2021, пејачката конечно си ја исполни желбата.
Спирс го кажа судбоносното ДА, облечена во венчаница, креација на модната куќа Versace, а до олтарот чекореше по ритамот на Can't Help Falling in Love од Елвис Присли.
„Бритни чекореше сама до олтарот. Изгледаше прекрасно во венчаницата. Плачеше од среќа во некои моменти“ – изјавил извор за People, кој исто така открива дека невестата трипати го променила аутфитот во текот на денот и вечерта.
„Ова беше најсреќната вечер за Бритни. Сакаше свадба од бајките и ја доби. Многу е возбудена што е венчана и се радува на иднината со Сем“ – вели друг извор.
Сепак, на свадбата не присуствувале двајцата синови на Бритни кои ги има со Кевин Федерлајн.
Повеќе фотки од свадбата:
М. М. | Црнобело