„Имаш винска тапа во ручекот, а наскоро и кучешко влакно“ - Бруклин Бекам повторно мета на потсмев затоа што „глуми“ кулинар
- Детали
- четврток, 30 март 2023
Разгалениот син на Бекамови, Бруклин, повторно е мета на потсмев, откако објави видео на кое готви со своето куче во рака, а во јадењето има винска тапа – што одговори тој на критиките дека „глуми“ кулинарски шеф? Фановите не му простуваат...
Неодамна, Бруклин Бекам беше критикуван за тоа што не знае да готви, а снимаше кулинарско шоу кое чини 100.000 долари од епизода, па јавноста го обвини дека глуми готвач со парите на мама и тато.
Прочитајте повеќе: Синот на Бекамови е мета на потсмев - „глуми“ кулинар со парите на мама и тато, твитерџиите со жестоки објави
Сега, неговите кулинарски вештини, повторно беа ставени под знак прашалник, откако објави фотки на Инстаграм, на кои се гледа дека готви додека ужива во чаша вино, не сам, туку во придружба на неговото куче.
На дневното мени на Бруклин беа шпагети болоњезе, но следбениците не дочекаа, па веднаш почнаа да коментираат за винската тапа која ја забележаа во тенџерето, но и за кучето кое се „плетка“ околу јадењето и шпоретот.
Дел од коментарите кои ги доби гласат:
„Зошто имаш фрлено винска тапа во јадењето?“
„Забележа ли дека во ручекот имаш винска тапа, а наскоро ќе се придружи и кучешко влакно?“
„Ова не е слатко, иако кучето ти е слатко. Не треба да го чуваш кучето таму додека готвиш. Зовриената течност може да му испрска во лице и да го повредиш“.
По низата критики кои ги доби, Бруклин не успеа да остане рамнодушен на коментарите и им одговори на фановите:
„Повеќето истражувања покажуваат дека со додавање на винска тапа во течноста од јадењето, се добива побогат вкус“.
Сепак, и ова не помина добро како оправдување, со оглед на тоа што извадокот е преземен од статија во која се зборува за готвење на октопод, но тој решил да го проба и со болоњезе сос.
На прашањето дали е кулинарски шеф, тој искрено одговара дека не е, но дека храната и готвењето му се пасија.
Бруклин обожава да споделува видеа од неговото готвење, а и покрај тоа што секојпат добива по некоја критика, тој не се откажува од својата пасија.
М. М. | Црнобело