Синот на Бекамови е мета на потсмев - „глуми“ кулинар со парите на мама и тато, твитерџиите со жестоки објави

„Тој е готвач колку што Викторија е пејачка“, гласи еден од твитовите. Иако Бруклин Бекам не знае да готви, тој веќе снима кулинарско шоу каде што гостуваат врвни готвачи, за кое плаќа 100.000 долари од епизода и најмува екипа како за телевизиска серија. Но, јавноста остро го критикува дека си игра кулинар со парите на мама и тато.

bruklin-bekam-kritikuvan-za-kulinarskoto-shou-100-000-dolari-od-epizoda-a-ne-znae-da-gotvi-ova-e-nepotizam-01.jpg

По обидите да стане фотограф, Бруклин Бекам сака да се пробие во кулинарскиот бизнис, но уште пред да ја почне кариерата се соочи со бројни критики од јавноста, најмногу поради фактот дека не знае да готви.

Моментално синот на Дејвид и Викторија Бекам објавува видеа на коишто готви и пробува да направи свое кулинарско шоу – Cookin‘ with Brooklyn. Но, 22-годишното момче ја разбранува јавноста со последното видео на кое очигледно не знае да готви.

Бруклин Бекам потрошил 100.000 долари за да сними видео на кое прави сендвич. Проблемот е што во видеото Бруклин има помош од професионален готвач кој ги приготвува буквално сите состојки, а младото момче само го реди сендвичот.

Односно, во неговото кулинарско шоу, Бруклин не готви ништо.

Наводно, за видеото бил најмен цел дим професионалци, вклучувајќи и врвен готвач кој ги одобрува рецептите, пет камермани и дури девет продуценти. Според изворите на Daily Mail, досега било невидено да се направи таква екипа за толку мал проект.

„Ова е невидено – толкава екипа се прави за голема телевизиска серија“.

bruklin-bekam-kritikuvan-za-kulinarskoto-shou-100-000-dolari-od-epizoda-a-ne-znae-da-gotvi-ova-e-nepotizam-02.JPG

Истиот извор потврди дека за снимањето на секоја епизода од шоуто на Бруклин се потребни 100.000 долари.

„Тој е готвач колку што мајка му Викторија беше пејачка. Очигледно на ова момче треба да му се покажат најосновните работи кога станува збор за готвењето“, вели изворот тврдејќи дека Викторија и Дејви се оние кои го „туркаат“ да го прави шоуто.

Бекам беше критикуван и откако се појави во The Late Late Show каде што повторно ги покажа кулинарските „вештини“. Во сегментот, Бруклин готви со водителот Џејмс Корден, а поради популарноста на шоуто на Џејмс, веројатно Бруклин се надевал дека појавувањето ќе му помогне да се прослави како готвач.

bruklin-bekam-kritikuvan-za-kulinarskoto-shou-100-000-dolari-od-epizoda-a-ne-znae-da-gotvi-ova-e-nepotizam-04.JPG

bruklin-bekam-kritikuvan-za-kulinarskoto-shou-100-000-dolari-od-epizoda-a-ne-znae-da-gotvi-ova-e-nepotizam-03.JPG

Сепак, овојпат и Џејмс беше критикуван, дури и од врвни готвачи, кои истакнуваат дека не треба да му дава публицитет на момче кое имало среќа да се роди во богато и познато семејство. Наместо тоа, треба да им помогне на младите готвачи кои се навистина талентирани да се пробијат.

bruklin-bekam-kritikuvan-za-kulinarskoto-shou-100-000-dolari-od-epizoda-a-ne-znae-da-gotvi-ova-e-nepotizam-05.JPG

Бидејќи на објавите на Бруклин од шоуто на Џејмс, Викторија Бекам искоментира дека е горда на него, и таа се најде на мета на критики.

„На што си горда? Тој нема постигнато ништо во животот. Нека си најде вистинска работа, како неговите родители“.

„Непотизам и немање талент… Зошто Џејмс не покане и талентирани готвачи на шоуто, а не само неталентирани разгалени деца?“

„Му честиташ за појавување во емисија што му го договори ти“.

„Бруклин нема работено во кујна. Никогаш не учел кулинарство. Не поминал илјадници часови во готвење“.

„Освен што го познаваш Гордон Ремзи, што друго имаш направено во кулинарскиот свет?“

Многумина истакнуваат и дека ова не е првпат Бруклин да се проба во некоја област и веднаш да постигне успех само поради неговите родители, а не поради талентот.

„Е, ова е привилегија. Бруклин не е готвач. Постојат бројни готвачи кои трошат години од нивниот живот за да го совладаат готвењето, и потоа се појавува ова момче кое не може да направи ни сендвич и е поуспешно од нив само поради неговите родители. Истото беше и со неговата ’фотографска кариера‘. Немаше никакво искуство, а доби договор за книга“.

Што мислите вие за новата кариера на Бруклин?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Колин Фарел со ретка изјава за 20-годишниот син со пречки во развојот: „Само сакам луѓето да бидат д... „Ова е првпат отворено да зборувам за него и не можам да го прашам дали се согла...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg