Адријана Лима прошета во црвен фустан видно ослабена, само еден месец по критиките за вишокот килограми (фото)
- Детали
- среда, 29 март 2023
Во февруари се појави на настан во Париз и сите забележаа дека манекенката сѐ уште има проблеми со вишокот килограми откако се породи со третото дете, но сега само еден месец подоцна, Адријана Лима се прошета во црвен фустан и покажа зошто важи за една од најубавите жени во светот.
Во последните неколку месеци бразилската манекенка Адријана Лима (41) честопати беше во фокусот на јавноста заради вишокот килограми по третата бременост и до неа честопати беа упатувани критики дека престанала да води грижа за себеси.
Набрзо откако се породи со синот Сијан, Адријана Лима се врати на модните писти.
На крајот на февруари годинава, таа присуствуваше на доделувањето на FIFA наградите каде што можеше да се забележи дека сѐ уште има видно отечено лице и тело, но сега само еден месец подоцна очигледно е дека бразилската убавица полека се враќа во топ форма.
Лима заедно со нејзиниот партнер, продуцентот Андре Лемерс во понеделникот (27.03) присуствуваше на премиерата на филмот Air во Лос Анџелес каде на црвениот тепих се појави во црвена тоалета, во која до израз дојде нејзината видно „истенчена“ половина.
„Излегов да се прошетам со моето ферари“ – напиша таа до фотографиите што ги објави на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CqVe0EVr04e/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, фотографиите од настанот веднаш беа објавени во поголем број светски медиуми, а како што може да се забележи за само еден месец разликата е огромна.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело