Третата бременост ја промени – Адријана Лима видно отечена во лицето прошета на модната писта (фото)
- Детали
- петок, 30 декември 2022
Адријана Лима се врати на модните писти 3 месеци по породувањето, но покрај креацијата, впечаток кај фановите остави и нејзиното отечено лице и вишокот килограми. Очигледно е дека манекенката многу се промени по третата бременост, но сепак блеска со посебен сјај.
Само три месеци откако се породи со третото дете Адријана Лима (41) се врати на модните писти.
Таа беше дел од модно шоу во Катар, а го привлече вниманието заради видно отеченото лице. Очигледно по третата бременост манекенката тешко се враќа во форма, но сепак зрачи со убавина и шарм.
Манекенката која важи за една од најубавите жени на светот и која беше ангел на Victoria’s Secret се породи во август годинава и го доби синот Сијан. Ова беше нејзина трета бременост.
За потсетување, таа претходно доби две ќерки од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ, Валентина (12) и Сиена (9), а Сијан е нејзиното прво дете од врската со момчето Андре Лемерс.
И во текот на последната бременост Адријана беше отечена, но тоа не ја спречуваше да се појавува во смели изданија на црвениот тепих на повеќе важни настани и фестивали, а очигледно, не планира да чека да се врати во топ форма за да зачекори на модните писти и поставува пример за сите.
Уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело