Се породи Адријана Лима (41) – доби синче со партнерот Андре Лемерс и му даде уникатно име
- Детали
- вторник, 06 септември 2022
Адријана Лима се породи на 29-ти август, а синоќа откри дека со Андре добиле машко дете. Тие одбрале и интересно име за детето, инспирирано од бојата на неговите очи.
Адријана Лима стана мајка по третпат. Таа и момчето Андре Лемерс го добија нивното прво заедничко дете, а супермоделот откри дека се породила на 29-ти август.
Адријана ги сподели убавите новости дури синоќа, 5-ти септември, заедно со името – Сијан – кое е инспирација од бојата на неговите очи.
На македонски, оваа боја е позната како цијан, или синозелена.
Адријана сподели и фотка на која се гледа само окото на детето.
„Сијан е бојата помеѓу зелена и сина на видливиот светлински спектар. Сијан е бојата на водите во Бора Бора и Малдивите, места кои нашето семејство сака да ги посети.
Сега Сијан е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојде во светот Сијан Лима Лемерс“.
Извор близок до семејството тврди малото момче дефинитивно го наследило изгледот на мајка си, како и дека супермоделот и детето се дома и се во добра здравствена состојба.
Супермоделот им се заблагодари и на сите за честитките со Инстаграм Стори:
„Јас и Андре сме трогнати од неверојатните позитивни желби и поради што ги добивме од семејството и пријателите!
Сега имаме многу хранење и пелени за менување, па не можам да ви одговорам на сите индивидуално!“
Адријана Лима откри дека е бремена во февруари, и тоа на мошне забавен начин.
На видео споделено на ТикТок, таа првпат му го покажува позитивниот тест за бременост на Андре, што значи ја гледаме неговата вистинска реакција.
Адријана е мајка на уште две деца – Валентина (12) и Сиена (9) – кои ги доби со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Кошаркарот и Адријана беа во брак пет години, пред да се разделат во 2014 година, но останаа во добар однос поради нивните деца.
„Благодарни сме што сме деца на две прекрасни млади ќерки за кои ќе продолжиме заедно да се грижиме. Ќе ја цениме вашата почит за нашето семејство во период кога почнува ова ново деликатно поглавје за сите членови на нашето семејство“, гласеше нивната заедничка изјава кога се разделија.
Во текот на бременоста, Адријана привлекуваше многу внимание со трудничките модни комбинации и честопати носеше облека со разголено стомаче.
Спирова С. | Црнобело