Како вежба Синди Крафорд за да биде во топ форма на 57 години? (видео)

Светската манекенка Синди Крафорд и на 57 години изгледа совршено и има тело какво што посакуваат и двојно помлади жени од неа. На Инстаграм Стори таа сподели видео што го објавила уште пред три години и покажа како вежба со шпил карти. Оваа вежба е забавна, а Синди призна дека ѝ била омилена кога се породила со првото дете.

sindi-kraford-so-shpil-karti-go-odrzhuva-teloto-vo-top-forma-video-01.jpg

Синди Крафорд отсекогаш важела за една од најзгодните топ-модели во светот. Во текот на 90-тите години, додека беше на врвот на славата, Синди сними серија видеа со вежби, кои им ги препорачуваше на жените, а со кои и таа ја одржуваше формата.

sindi-kraford-so-shpil-karti-go-odrzhuva-teloto-vo-top-forma-video-20.jpg

Една од овие вежби е со шпил карти.

„Многу сакам пасијанс. Па ајде заедно да ги искористиме картите и за играње и за вежбање“, стои во описот на вежбата.

sindi-kraford-so-shpil-karti-go-odrzhuva-teloto-vo-top-forma-video-05.jpg

За оваа вежба ви треба само еден шпил карти и да ги следите овие едноставни чекори:

За секој од четирите знаци – срце, детелина, лист и каро – изберете по една вежба.

sindi-kraford-so-shpil-karti-go-odrzhuva-teloto-vo-top-forma-video-02.jpg

На пример правете склекови ако извлечете лист, стомачни вежби секојпат кога ќе извлечете карта со срце, кревајте ги високо колената секогаш кога ќе отворите детелина, а за секоја карта со знакот каро правете чучнувања.

Ова се само примери, вежбите си ги избирате самите.

sindi-kraford-so-shpil-karti-go-odrzhuva-teloto-vo-top-forma-video-03.jpg

Измешајте го шпилот карти. Почнете да влечете една по една карта и според симболот и бројот на картата, направете толку повторувања на вежбата.

Асовите значат 11 повторувања на вежбата, а картите на кои има лик (џандар, дама и крал) се бројат по десет.

Крафорд вели дека ова е само една од вежбите што ги практикува често, бидејќи е многу забавна.

Поранешната манекенка сепак не крие дека за нејзиниот изглед освен вежбањето, големо влијание има и исхраната. Таа се храни здраво, внесува многу овошје и зеленчук, и пие многу вода во текот на денот.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Се породи Хејли Бибер, Џастин го откри името: „Добредојде дома“ Џастин и Хејли Бибер станаа родители на момче – пејачот сподели слатка фотка од ...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
Ѕвезди кои имаа(т) најлоши заби во Холивуд: Пожолтена боја, поткршени делови „Кога гледам луѓе со совршени заби, се нервирам. Подобро би голтнал бубачка, отк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg