Антониа Гиговска, Дуа Липа – Кои познати дами од Македонија и светот отворено зборуваат за проблемите со акните?
- Детали
- среда, 29 март 2023
Доџа Кет сподели фотка на која јасно се гледа дека има проблеми со кожата, па и таа стана една од многуте познати жени – и кај нас и ширум светот – кои храбро го покажале лицето со акни.
Навикнати сме да ги гледаме познатите дами во совршено издание, па забораваме дека и тие, како нас, можат да имаат проблеми со кожата.
Всушност, ретко која од нив го покажува своето вистинско лице, особено кога има проблеми со акни.
Но, некогаш, и најпознатите жени во светот храбро го покажуваат своето вистинско лице, а токму тоа го направи и Доџа Кет.
27-годишната пејачка присуствуваше на доделувањето на iHeartRadio наградите каде што се закити и со статуетка.
На настанот, пејачката изгледаше совршено, но подоцна сподели и фотка од нејзиното лице во крупен кадар.
Фотографијата, споделена на Инстаграм Стори, нема никаков опис, туку само покажува дека и Доџа Кет одвреме-навреме има проблеми со акните.
Доџа Кет не е единствената светски позната жена која споделила искрена фотка, а и неколку познати дами од Македонија го имаат направено истото.
Познати жени од Македонија и светот кои се отворија за проблемите со акните:
Кендал Џенер
Кендал Џенер можеби нема споделено фотка од нејзините акни, но не се обидува да ги крие кога се појавува на важни настани.
Криси Тајген
Криси е отворена за секој аспект од нејзиниот живот, па неколкупати има споделено видеа на Инстаграм Стори на кои зборува за проблемите со кожата.
Дуа Липа
Дуа Липа честопати споделува фотки на Инстаграм Стори на кои покажува дека редовно користи третмани за акни.
Бела Торн
Младата актерка е отворена за проблемите со акните и често споделува фотографии на Инстаграм.
Нина Ред
Македонската водителка и инфлуенсерка Нина Ред со објава на Инстаграм откри дека ги криела акните цели девет години, пред да собере храброст да го покаже лицето.
Ана Стојанова
Фитнес инструкторката е уште една Македонка која реши да прозбори за проблемите со лицето.
Зои Блаж
Шминкерката и пејачка Зои Блаж, со цел да им даде поддршка на другите девојки кои минуваат низ истото, сподели искрени фотки на кои го покажа лицето со акни.
Притоа, им порача да се сакаат и да се охрабрат да излегуваат без шминка, без разлика што имаат акни.
Антониа Гиговска
Младата македонска ѕвезда бараше совети од нејзините следбеници со видео на Инстаграм Стори на кое ги покажува акните.
Спирова С. | Црнобело