Сопругот на Емили Ратајковски обвинет за силување и флертување со малолетнички – им ветувал филмски улоги ако спијат со него
- Детали
- четврток, 30 март 2023
Пред барањето за развод од Емили Ратајковски, продуцентот Себастијан им се додворувал на малолетнички, а една девојка тврди дека ја силувал во домот во којшто живеел со супермоделот. Емили, пак, не била изненадена од обвиненијата и била убедена дека се вистинити.
Кога Емили Ратајковски сподели дека ќе се разведува од сопругот Себастијан, повеќе извори тврдеа дека причината е неверство.
Сега, пак, неколку девојки го обвинуваат за недолично однесување, па дури и силување.
Информациите потекнуваат од документи кои ги добил магазинот Variety. Сепак, не е познато дали овие документи се дел од разводот на 42-годишниот Себастијан и Емили, кој сè уште не е финализиран.
Во 2016-та Себастијан, кој работи како филмски продуцент, наводно флертувал со 17-годишна девојка на Инстаграм и ја натерал да се сретнат.
Според девојката, продуцентот ѝ ветил улога во филмот Good Times во кој глуми и Роберт Патинсон.
Кога отишле на сетот, Роберт Патинсон не бил присутен, а девојката тврди дека била присилена да се соблече пред Себастијан и уште неколку мажи од филмската екипа.
Истовремено, била присилена да снима сцена со актер кој само што бил пуштен од затвор.
Додека траело снимањето, актерот ѝ рекол дека сака да има секс со неа, без разлика што таа била малолетна.
Сцената не била вклучена во филмот, а Себастијан не ѝ платил за улогата, туку само ѝ купил кутија цигари.
Девојката, која денес има 24 години, вели дека потоа имала 2-годишна врска со Себастијан.
Другата девојка којашто го обвинува Себастијан, имала 18 години кога се случил инцидентот. Тогаш тој веќе бил во брак со Емили Ратајковски.
Девојката вели дека Себастијан ја контактирал на Инстаграм и ѝ ветувал дека ќе ѝ помогне да се пробие во филмската индустрија.
По некое време, тој ја поканил во куќата во којашто живеел со Емили, каде што ја нападнал.
„Почнавме да се бакнуваме. Ситуацијата брзо ескалира и Себастијан имаше секс со мене без да му дадам дозвола и не користеше кондом“.
Девојката тврди и дека Себастијан ја нарекол „ретардирана“ и кога му се спротивставила, ѝ рекол дека само се шегува.
Себастијан се однесувал недолично со уште неколку малолетни девојки додека бил со Емили и наводно поради ова добил отказ од филмот Uncut Gems.
Засега ни Себастијан ни Емили се немаат огласено, но пријателките на супермоделот тврдат дека таа не била изненадена од обвинувањата и била сигурна дека се вистинити.
Емили и Себастијан се венчаа во 2018 година, по само две недели заедно.
Во 2021-ва го добија синот Силвестер, а следната година Емили поднесе барање за развод.
Моментално таа се обидува да добие целосно старателство.
Спирова С. | Црнобело