Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност
- Детали
- сабота, 09 декември 2023
Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги купи неговите работи. Не постоела личност во Холивуд што не го мразела. Како актерот Рекс Харисон станал најомразената личност во Холивуд?
Роден во 1908-ма, вистинското име на холивудскиот актер Рекс Харисон било Реџиналд. Но, некаде прочитал дека Рекс на латински значи „крал“, па го избрал тоа име бидејќи се стремел да биде владетел.
Иако често добивал улога на нежен човек, професор, господин, во реалниот живот бил целосна спротивност од тоа.
Дури и неговите биографи не можеле да напишат сѐ што знаеле за него, бидејќи бил ужасен.
Луѓето го опишувале како себичен, егоист, рамнодушен кон околината и чувствата на другите.
Личност која ги навредувала останатите до степен на неподносливост. И, никој не бил поштеден.
Само благодарение на големиот шарм и ненадминливиот талент за глума, Харисон изградил врвна кариера.
Физички изгледал заводливо - висок, убав маж, со длабок глас.
Но, доколку би бил жив денес, поради неговото однесување би бил обвинет за малтретирање, понижување и сексуално искористување на жените.
Една вечер, по сценскатa изведба, постара жена чекала долго на дождот за да добие негов автограм.
Рекс ѝ упатил пцости, а таа толку се налутила, па го удрила.
Кон крајот на осумдесеттите, неколку месеци пред неговото пензионирање, една млада актерка од Лондон го замолила да одвои неколку минути за неа, велејќи му дека треба да „разговараат насамо“.
Тој тоа буквално го сфатил, а кога таа се побунила, актерот ѝ рекол:
„Невозможно е да ѝ се даде совет на најлошата актерка на англиската сцена“.
Несреќната девојка плачела со недели во шминкерницата.
Негова желба уште како дете била да стане актер.
Пред семејството честопати рецитирал текстови, без никаква глума, и очекувал сите да бидат воодушевени.
Тврдел дека имал бајковито детство и дека се грижел за својата баба, која му оставила големо богатство.
Но, кога режисерот Патрик Гарланд испратил новинари во селото каде што пораснал Рекс, немало ни куќа, ни ништо. Рекс сè измислил.
Подоцна се дознало дека Рекс бил син на локален месар.
Актерот дури не им го ни паметел името на своите партнерки.
А, две од нив се самоубиле - неговата љубовница, актерката Керол Лендис и неговата четврта сопруга, актерката Рејчел Ромертс.
Додека бил во брак секогаш имал љубовница, а се гледал и со поранешната, па не е ни чудо што често им ги мешал имињата додека водел љубов со нив.
Починал во 1990 година, на 82-годишна возраст, од рак на панкреас. Буквално немало кој да дојде на неговиот погреб.
Кога, пак, се распродавале неговите работи, никој не сакал ни да ги купи.
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук