Режисерот се соживеал со улогата на насилник, се карал со Блејк Лајвли – Скандалите на снимањето на филмот It Ends with us
- Детали
- вторник, 13 август 2024
„Џастин Балдони толку многу се соживеал со ликот на хирургот Рајан Кинкејд, што почнал да се однесува непрофесионално и навредливо кон актерките“ – тврдат оние што биле присутни за време на снимањето на филмот It Ends With Us. Популарниот филм е проследен со голем број скандали.
Љубителите на романите на Колин Хувер деновиве го имаат задоволството да го погледнат филмот направен според нејзиниот истоимен роман It Ends With Us, во кој главната улога ја имаат Блејк Лајвли и Џастин Балдони, а според светските таблоиди, снимањето било вистински кошмар за актерите.
Иако филмот е мошне популарен, во светските таблоиди и списанија се пишува за скандал во кој режисерот на филмот и воедно актерот што ја толкува главната машка улога Џастин Балдони, наводно е во конфликт со сите останати колеги, меѓу кои и Белјк Лајвли, како и со авторката на книгата It Ends With Us.
Гласините почнаа да кружат откако Балдони одби да се појави на црвениот тепих заедно со актерската екипа од филмот, туку прошета сам, придружуван од сопругата.
Иако Блејк Лајвли и Џастин Балдони заедно ги одиграа главните улоги во филмот, но, работеа и како продуцент и режисер на филмот, според гласините и пишувањата, тие двајца постојано биле во судир и се расправале околу креативните решенија.
Со оглед на тоа што нивните ликови влегуваат во „токсична“ романса, во која љубовта не може да ги победи траумите од минатото, се вели дека двајцата актери имале сосема спротивставени сфаќања за тоа како треба да се одиграат сцените.