Режисерот се соживеал со улогата на насилник, се карал со Блејк Лајвли – Скандалите на снимањето на филмот It Ends with us
Според присутните на снимањето, Џастин бил сконцентриран само на машката перспектива и не се срамел да ги прикаже сопствените шовинистички ставови, а тоа не им се допаѓало на другите актери, кои сметале дека приказната треба да биде раскажана од женска – феминистичка перспектива.
„За време на сцените во кои е прикажано насилството, Џастин не водеше сметка за перспективата на карактерот на Блејк, туку се фокусира само на тоа како би изгледале работите од гледиште на мажот кој ги злоупотребува жените.
Неговиот пристап беше премногу шовинистички, и креираше непријатна атмосфера за време на снимањето“ – велат извори од снимањето.
Според нив, Џастин толку многу се соживеал со ликот на хирургот Рајан Кинкејд, што почнал да се однесува непрофесионално и навредливо кон актерките.
Дополнително, во мигот кога Блејк Лајвли и Колин Хувер побарале од него да направи некои преправки во сценариото, тој се навредил, па избувнал.
Според други, пак, многу е веројатно Џастин да се чувствувал повредено затоа што Блејк побарала од нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс да напише некои од сцените.
„Најпрепознатливата сцена на руфтопот, всушност ја напиша мојот сопруг. Никој не знае за тоа“ – изјави таа.
Иако во таблоидите се шират гласини за неговото шовинистичко однесување, Џастин во изјавите ја велича Блејк Лајвли и нејзините креативни идеи.
„Таа е креативна сила и има многу добри идеи. Таа ја има можноста да ги види работите од поинаква перспектива, како што јас не можев да ги видам.
Секогаш победува најдобрата идеја, секогаш. Мислам дека само на тој начин се создава голема уметност. Нејзиниот печат е во секој аспект од оваа продукција и искрено верувам дека таа направи сè подобро“ – изјави тој.
Балдони не ги коментира пишувањата за наводните конфликти зад камерите, но на премиерата рече дека можеби би било подобро Блејк Лајвли да го режира продолжението на филмот.
Истовремено, целата актерска екипа го отследи Балдони од Инстаграм, што дополнително ги подгреа гласините дека иако навидум сè е во ред, филмот е проследен со низа скандали.
За потсетување, филмот е направен според истоимениот роман на Колин Хувер, а со оглед на тоа што романот доби и второ продолжение насловено It Starts With Us, се очекува и филмот да добие второ продолжение.
Б. С. Б. | Црнобело