Пријанка Чопра: „Ги замрзнав јајце-клетките за да знам дека еден ден ќе бидам мајка дури и да не најдам партнер“

„Отсекогаш знаев дека сакам да имам деца. Мислам дека тоа никогаш не беше прашање за кое размислував. Повеќе ми беше страв дали ќе најдам маж со кој ќе можам да делам сè, па и родителските обврски“, рече во интервју поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра, и прозборе за мајчинството и низ што сè поминала пред да го запознае сопругот Ник Џонас.

prijanka-chopra-gi-zamrznav-jajce-kletkite-za-da-znam-deka-eden-den-kje-bidam-majka-duri-i-da-ne-najdam-partner-01.jpg

Холивудската ѕвезда и поранешна Мис на светот, Пријанка Чопра, во поткастот на Декс Шепард „Armchair Expert“, отворено зборуваше за мајчинството, но и за животната лекција што ја научила од моментот кога замрзнала неколку јајце-клетки и решила целосно да се посвети на себе и на својата кариера.

Една година откако стана мајка, Пријанка Чопра искрено одговараше на прашања поврзани со нејзината ќерка, Малти Мари Чопра Џонас, но и за својата одлука да замрзне јајце-клетки во своите рани 30-ти години.

prijanka-chopra-gi-zamrznav-jajce-kletkite-za-da-znam-deka-eden-den-kje-bidam-majka-duri-i-da-ne-najdam-partner-04.jpg

Актерката вели дека никогаш не размислувала за тоа дали сака да има деца или не. Таа уште пред да наполни 30 години била цврсто решена еден ден да стане мајка.

„Отсекогаш знаев дека сакам да имам деца. Мислам дека тоа никогаш не беше прашање за кое размислував.

Повеќе ми беше страв дали ќе најдам маж со кој ќе можам да делам сè, па и родителските обврски.

Мора да бидете сигурни дека ќе сакате да го поминете целиот живот со партнерот со кој ќе решите да имате деца“ – рече Пријанка во интервјуто.

prijanka-chopra-gi-zamrznav-jajce-kletkite-za-da-znam-deka-eden-den-kje-bidam-majka-duri-i-da-ne-najdam-partner-08.jpg

Таа призна дека додека го барала вистинскиот маж, често била анксиозна. Токму затоа и не била сигурна дека сака да почне врска со Ник Џонас, кој сега ѝ е сопруг, но е 10 години помлад од неа.

„Кога почнавме да комуницираме во 2018 година, неговите години ми беа проблем, не го гледав како потенцијален маж со кој би можела да oсновам семејство.

Си мислев: 'па не знам дали тој сака да има деца на 25 години' (колку што имаше кога ја почнавме врската). А јас секогаш сакав деца. Обожавам деца“ – вели Чопра.

prijanka-chopra-gi-zamrznav-jajce-kletkite-za-da-znam-deka-eden-den-kje-bidam-majka-duri-i-da-ne-najdam-partner-06.jpg

Пред да го запознае Ник, Пријанка решила да го послуша советот на својата мајка и да замрзне неколку јајце-клетки.

Со тоа, вели, самата на себе си дала повеќе време да го преиспита својот живот и да го најде вистинскиот партнер.

„На сите мои помлади пријателки им велам дека биолошкиот часовник не е мит.

Многу е потешко да забремените по 35-тата година и да го износите бебето до крај, посебно жените што работеле целиот свој живот“.

prijanka-chopra-gi-zamrznav-jajce-kletkite-za-da-znam-deka-eden-den-kje-bidam-majka-duri-i-da-ne-najdam-partner-05.jpg

Иако Пријанка вели дека процедурата е скапа и не може да си ја дозволи секој, сепак, вреди да се проба.

„Тоа е најдобриот подарок што една жена може да си го даде себеси.

Така му ја одземате моќта на биолошкиот часовник и можете да работите и уживате додека сакате, пред да станете мајка.

Вашите јајце-клетки и после многу години ќе бидат млади како на денот кога ги замрзнавте“ – додава таа.

Прочитајте и „Каде беше целиот мој живот“ - Љубовта на Пријанка Чопра и Ник Џонас ги надминува разликата во години и религијата

prijanka-chopra-gi-zamrznav-jajce-kletkite-za-da-znam-deka-eden-den-kje-bidam-majka-duri-i-da-ne-najdam-partner-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Славни жени кои замрзнаа јајце клетки: „Сакав да си дадам шанса да станам мајка“ Одлуката да се стане мајка не секогаш лесна за реализација, колку жената и да са...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg