Сите ја паметиме. Сите ја сакавме (и сè уште ја сакаме). Со нетрпение чекавме пред телевизорите. Без разлика во кој дел од денот, очите ни беа вперени во убавините на луксузната населба во Лос Анџелес. Иако само преку малите екрани, ги доживуваме проблемите на ликовите како наши, па собиравме сликички, па пополнувавме албуми, па лепевме постери. Живеевме живот по кој мечтаевме, преку нив.