„Ако не сакате да ве соблекуваат, не станувајте модел, туку калуѓерка“: Најконтроверзните изјави на Карл Лагерфелд

Ана Винтур одлучи Мет галата во 2023-та да биде посветена на дизајнерот Карл Лагерфелд, но веднаш се соочи со критики. Онлајн почнаа да се споделуваат контроверзните изјави на дизајнерот кои покажуваат дека тој бранел силувачи, го поддржувал холокаустот и бесрамно ги навредувал и понижувал жените.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-01.jpg

Неодамна организаторите на Мет галата открија дека свеченоста во 2023 година ќе биде посветена на познатиот дизајнер Карл Лагерфелд.

Карл Лагерфелд го врати модниот бренд Chanel во живот, работеше за брендот Fendi, а имаше и своја модна куќа. Тој почина во 2019 година, на 85-годишна возраст. 

Во склоп на Мет галата во 2023 година ќе има изложба од околу 150 модни парчиња дизајнирани од Карл, заедно со негови оригинални цртежи.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-08.jpg

Иако дизајнерот е едно најголемите имиња во модната индустрија, одлуката за Мет галата речиси веднаш се соочи со остри критики.

Додека Карл можеби бил генијалец кога станува збор за мода, јавноста почна да се присетува на неговите контроверзни ставови за сè останато.

На пример, тој го бранеше францускиот политичар Доминик Штраус-Кан кој беше обвинет за силување, па дури и му испрати букет цвеќе.

Тогаш дизајнерот изјави дека му било „преку глава од движењето Me Too“ и од жените кои пријавувале силување неколку години по инцидентот.

Дизајнерот редовно кажуваше контроверзни работи и бесрамно ги навредуваше сите.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-12.jpg

Па, не е ни чудно што Твитер е преплавен со критики за следната Мет гала:

„Зошто го славиме него, кога има бројни други неверојатни дизајнери? Не се боревме за женските права за да го фрлиме целиот труд поради маж кој правел убава облека за слабички девојки“.

„Без разлика колкав придонес имал Карл во модната индустрија, не треба да славиме личност која даваше расистички и сексистички коментари во текот на целата кариера“.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-07.jpg

„Карл го бранеше сексуалното насилство врз моделите. Следната година тој ќе биде тема на ’најголемата модна ноќ‘ бидејќи нема последици за оние кои го бранат сексуалното насилство“.

„Значи, луѓето ќе се појават на црвениот тепих и ќе ги кажат нивните омилени цитати на Карл за дебели луѓе, силување, бегалци и холокаустот. А, има толку многу. Браво Ана Винтур. Одличен избор“.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-05.jpg

Во продолжение најконтроверзните моменти од животот на Карл Лагерфелд кои покажуваат зошто јавноста е гневна:

Беше расист

Во интервју од 2017 година, Карл, кој потекнува од Германија, зборуваше за одлуката на Германија да прими бегалци од други земји кои беа муслимани.

„Не можете да убиете милиони евреи, а потоа да примите милиони од нивните најголеми непријатели, дури и ако поминале две децении.

Познавав еден Германец кој во домот зеде млад Сириец и рече: Најубавото нешто што го измислиле Германците е холокаустот‘.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-03.jpg

Често ги критикуваше жените и нивните тела

Дизајнерот има кажано навреди за бројни познати жени:

Адел: „Таа е малку дебела, но има убаво лице“. „Не реков дека Адел е дебела, само дека е округла. Округла не значи дебела“.

Хајди Клум: „Хајди не е модел. Премногу е тешка и има многу големи гради. И секогаш прави некој глупав израз на лицето“.

Пипа Мидлтон: „Кејт има добра силуета. Сакам такви убави жени. Од друга страна, сестра ѝ има проблем. Не го сакам нејзиното лице. Треба да си го покажува само грбот“.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-11.jpg

Коко Шанел: „Таа никогаш не била феминистка бидејќи не била доволно грда за тоа“.

Принцезата Дијана: „Беше убава и мила, но беше глупава“.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-09.jpg

Дизајнерот ги навреди и жените кои сметаат дека некогаш супермоделите се премногу слаби:

„Овие дебели мумии кои седат со нивниот чипс пред телевизор и велат дека моделите се грди… Никој не сака да гледа жени со облини“.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-06.jpg

Ги навредуваше и мажите

Музичарот Сил има лузна на лицето поради вид лупус. Но, Карл бесрамно даде коментар и за ова:

„Не сум дерматолог, но не би ја сакал неговата кожа. Мојата е подобра од неговата. Неговата е покриена со кратери“.

Бранеше силувач

Веќе спомнавме дека Карл го бранеше политичарот Доминик Штраус-Кан кој беше обвинет за силување.

Тој ја силувал неговата дадилка, а подоцна го обвинија и други жени.

Но, Карл ја зазеде страна на политичарот, па дури и му испрати букет цвеќе, а притоа даде вознемирувачка изјава:

„Жените се палат на политика, на моќ. А тој (Доминик) има неверојатен шарм. Многу е шармантен. Тој е забавен, одличен дечко – сè додека не сте жена“.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-13.jpg

Карл бранеше и стилист кој допирал супермодел, па дури и ѝ ја соблекол долната облека без нејзина дозвола.

Според дизајнерот, супермоделите требало да се помират со вакви ситуации.

„Некаде прочитав дека мора да го прашате моделот дали се чувствува удобно. Ова е премногу. Сега, како дизајнер, не можете да правите што сакате.

Ако не сакате да ве соблекуваат, не станувајте модел. Станете калуѓерка, таму секогаш има место“.

brani-siluvachi-go-poddrzhuva-holokaustot-zoshto-javnosta-go-mrazi-karl-lagerfeld-negovite-najkontroverzni-izjavi-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото) Познатиот режисер Таикa Ваитити се држеше во сенка на славната сопруга Рита Ора,...
Фото-споредби од познати жени кои (најверојатно) ги намалиле образите Кира Најтли, Ања Тејлор Џој и Деми Мур се само дел од славните жени за кои јавно...
Зошто Мет Дејмон го молел Бен Афлек да не се венча со Џеј Ло? „Мет Дејмон гледаше како Бен се откажува од своите соништа и амбиции само за да ...
Ни тие не се совршени: Лицата на познатите жени од лош агол, без Фотошоп (фото) И на скоро 60 години, Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. И...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg