Зошто Мет Дејмон го молел Бен Афлек да не се венча со Џеј Ло?

„Мет Дејмон гледаше како Бен се откажува од своите соништа и амбиции само за да го нахрани огромното его на Џеј Ло“.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-01.jpg

Пријателството на Мет Дејмон и Бен Афлек трае со децении и сите знаат дека се најдобри пријатели.

Па, не е ни чудно што фотките на кои Џеј Ло цврсто ја држи раката на Мет Дејмон станаа вирални.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-14.JPG

Фотките се направени на премиерата на новиот (и веројатно последен) филм на кој соработуваа Џеј Ло и Бен Афлек, насловен Unstoppable.

Афлек, кој е продуцент на филмот, не присуствуваше на премиерата за да ја избегне Џеј Ло, која, пак, имаше една од главните улоги.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-13.JPG

По поднесувањето на барањето за развод, ПР тимот на Џеј Ло изјави дека Бен бил себичен и „без влакна на јазикот“ поради што кажувал навредливи работи.

Неговиот тим, од друга страна, ја опиша Џеј Ло како опседната со слава.

А, од фотките од премиерата, како да стана јасно дека сега Мет Дејмон е „заглавен“ меѓу нив.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-07.JPG

Што знаеме за комплицираниот однос на Џеј Ло и Мет Дејмон и што мисли актерот за пејачката?

Мет Дејмон неколкупати ја има пофалено Џеј Ло во јавност откако таа ја почна врската со Бен.

Сепак, според изворите, Мет го советувал Бен да не се опседнува со Џеј Ло и да не го запоставува професионалниот напредок.

„Откако ја почнаа врската со Џеј Ло, Мет пробуваше да го убеди Бен дека може да се случи ова што се случува сега.

Мет беше овде за Бен првиот пат кога раскинаа и како да знаеше дека постои можност пак да се разделат“.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-2.JPG

Наводно, Бен ги слушал љубовните совети од другар му бидејќи Мет е во среќен брак со сопругата веќе 18 години.

„Бен отсекогаш бил восхитен од бракот на Мет.

Кога врската на Бен почна да се распаѓа, Мет му рече дека ќе го поддржува, но дека сака да му помогне да се фокусира на кариерата.

Бен премногу се фокусираше на проектите на Џеј Ло, исто како пред 20 години. Па, Мет му рече: ’Што направила таа за твојата кариера?‘“

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-08.JPG

На Мет не му се допаѓало што Бен ги запоставил своите проекти.

„Мет гледаше како Бен ги трга настрана неговите соништа и амбиции за да го нахрани огромното его на Џеј Ло.

Мет сака Бен да сфати дека сега, кога Џеј Ло ја нема, тој ќе биде посреќен и попродуктивен“.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-10.JPG

Во јавност, Мет неколкупати рече дека ги сака и Бен и Џеј Ло и дека е пресреќен што се заедно.

Но, приватно, го молел Бен да не брза со одлуката за брак.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-03.JPG

Мет му бил најголемата потпора на Бен додека се бореше со алкохолизмот, а наводно бил исплашен дека повторно ќе му се врати на порокот.

„Мет е единствениот вистински пријател на Бен. Не сака да дозволи да му се врати на алкохолот и постојано внимава на него поради ова“.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-11.JPG

Друг извор вели дека актерот добива голема поддршка и од семејството.

„Мет пробува да го спречи да ѝ се врати на навиката за пиење.

Мет сака неговите најблиски да го потсетат дека е сакан, дека има поддршка и дека му е подобро без Џенифер.

Сите се грижат за Бен, вклучувајќи ја и Џенифер Гарнер и нивите деца. Постојано му наоѓаат занимација за да не помисли да пие“.

zoshto-met-dejmon-go-molel-ben-aflek-da-ne-se-vencha-so-dzej-lo-02.JPG

За потсетување, Џеј Ло и Бен Афлек првпат се свршија во 2002 година, но раскинаа во 2004-та, без да се венчаат.

Ја обновија врската две децении подоцна, а актерот ја запроси во 2022 година.

Се венчаа истата година, но во 2024-та, на денот на годишнината, Џеј Ло поднесе барање за развод.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg