Џеј Ло посекси од кога било, очајно пробува да зборува со Мет Дејмон за Афлек – се држат за рака, тој одбива
- Детали
- вторник, 10 септември 2024
Во полугол фустан, кој многумина го нарекуваат одмазднички, Џеј Ло се обидуваше да допре до најдобриот другар на Бен, Мет Дејмон – тие се држат за рака и разговараат, додека Афлек не се појави на својата премиера за да избегне средба со бившата.
На премиерата на филмот Unstoppable во Торонто, во кој се појавува Џенифер Лопез, а продуценти се најдобрите другари Бен Афлек и Мет Дејмон, имаше посебен момент кој никој не го очекуваше.
Џеј Ло се појави во секси светкава тоалета како диско топка, во која е полугола и посекси од кога било.
Но, Бен Афлек иако е продуцент, остана во Лос Анџелес и успешно избегна јавна средба со неговата (поранешна) сопруга, а беше забележан како среќно разговара со некого на телефон.
Лопез и Дејмон заедно позираа на црвениот тепих, а потоа на забавата по премиерата имаа приватен момент, што ги привлече сите погледи кон нив, кога беа забележани дека се држат за раце.
Тие цврсто се држат за раце, главите им се доближени и изгледаат сериозно додека речиси 20 минути разговараат, како што изворите тврдат за светските медиуми.
Но, наводно Мет Дејмон одбивал да зборува со Џеј Ло за нејзиниот оттуѓен сопруг, бидејќи се изјаснил дека секогаш ќе биде на страната на Бен.
„Мет Дејмон го прекина секој нејзин обид да дискутира за Бен на премиерата. Тоа беа нејзините 5 минути, но таа знаеше дека ќе биде чудно ако го тргне Мет настрана за интимен разговор и дека тоа ќе стане вирално.
Нејзината рака на неговата беше убав допир, но не го допре него. Тој ѝ кажа дека му е драго што таа е добро и дека е благодарен што учествува во филмот – но ѝ даде до знаење дека не е тука за да зборува за Бен“ – изјавил ексклузивно извор за Dailymail.
По премиерата, Џеј Ло беше забележана како чека во автомобилот да си ја земе нарачката од омилениот фаст фуд ресторан на Бен Афлек, а иако се труди да изгледа како да го преболела, сепак можеби не ѝ е сеедно што по вторпат не им успеа љубовта.
Во продолжение повеќе фотки од Џеј Ло на премиерата на филмот:
М. М. | Црнобело