Ја гушка како своја ќерка – во каков однос се децата на Џеј Ло со нивниот нов очув, Бен Афлек?

„На Џеј Ло најмногу ѝ се допаѓа тоа што тој ги сака нејзините деца како да се негови“ – тврдат странските медиуми, а неодамна актерот беше уловен како силно ја прегрнува ќерката на Џеј Ло, а таа се смее. Во каков однос е Бен Афлек со близнаците на Џеј Ло?

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-01.jpg

Џенифер Лопез (53) и Бен Афлек (50) беа забележани како пристигнуваат со приватен авион на аеродромот во Лос Анџелес. Парот, заедно со децата близнаци на пејачката Макс и Еме, во текот на викендот беа во Мајами.

Во неделата тие беа фотографирани како излегуваат од авионот во опуштено издание.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-02.jpg

Парот во изминатата година привлекуваше внимание откако решија да ѝ дадат втора шанса на врската, па конечно стигнаа до олтар и во Лас Вегас го кажаа судбоносното „Да“, а честопати привлекуваат внимание и заради односот што го имаат со децата од нивните претходни врски.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-03.jpg

Во јули годинава, беше објавена фотографијата на која Џеј Ло силно ја гушка ќерката на Бен Афлек од бракот со Џенифер Гарнер, Вајолет, а сега, Бен беше уловен од папараци како силно ја гушка ќерката на Џеј Ло, Еме, во моментот кога се вратија на аеродромот.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-08.jpg

Оттука се поставува прашањето, во каков однос е Бен со децата на Џеј Ло?

Се знае дека децата на Бен Афлек од бракот со Џенифер Гарнер и децата на Џеј Ло од бракот со Марк Ентони беа заедно со нив за време на медениот месец во Париз, а според добро упатените извори, ова бил одличен период тие да се зближат.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-14.jpg

Според дел од медиумите, она што Џеј Ло најмногу го сака кај Бен е тоа што тој ги сака нејзините деца како да се негови. Таа е свесна дека тој не може да го замени нивниот биолошки татко, но според неа, Бен е одличен пример за нејзините деца и успеал да изгради мошне добар однос со нив.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-06.jpg

Откако стапија во брак, Бен и Џенифер се обидуваат на секој можен начин да ги спојат и двете семејства, а секое слободно време го користат како можност да го поминат заедно со двете деца на Џеј Ло и трите деца на Бен.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-11.jpg

Претходно, имаше шпекулации дека најстарата ќерка на Бен, Вајолет (16) не ја сака својата нова маќеа и дека заради тие причини не била на свадбата во Лас Вегас, но овие шпекулации беа отфрлени откако во јавноста беше објавена фотка на која се гледа како пејачката силно ја прегрнува ќерката на Бен.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-10.jpg

Инаку, на свадбата присуствуваа другите две деца на Бен, Серафина (13) и Семјуел (10), како и близнаците Макс и Еме (14), а се знае дека Серафина и Еме се најдобри другарки, па забележително е дека имаат сличен стил на облекување, а и двете се декларираат како небинарен род.

gi-saka-nejzinite-deca-kako-da-se-negovi-ben-aflek-silno-ja-pregrnuva-kjerkata-na-djej-lo-foto-15.jpg

Прочитајте и Носат момчешка облека, се декларираат како небинарен род – ќерките на Џеј Ло и Бен Афлек се како вистински сестри (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
10 деца на славни личности кои се поубави и од родителите Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, ќерката на Лени Кравиц и Лиса Боне… Ќерк...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg