На нив трошат милиони – Какви „чудни“ колекции имаат познатите?

Џон Траволта во својот дом има опремен аеродром за својата колекција авиони, Том Хенкс со години собира машини за пишување. Какви колекции имаат познатите?

na-niv-troshat-milioni-kakvi-chudni-kolekcii-imaat-poznatite-01.jpg

Понекогаш забораваме дека и познатите во суштина се само луѓе.

И тие исто како нас се опседнуваат со одредени предмети и ги собираат, но разликата е во тоа што овие луѓе располагаат со многу поголем буџет за збогатување на нивните колекции.

Во продолжение ви ги претставуваме чудните колекции на некои од славните личности:

Том Хенкс - Машини за пишување

Ѕвездата на „Кодот на Да Винчи“ според пишувањата во светските медиуми е опседнат со собирање машини за пишување.

Тој поседува околу 250 машини за пишување, а првпат почнал да ги собира во 70-тите години на минатиот век.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-04.jpg

Анџелина Џоли - Ножеви

Анџелина Џоли, како вистинско олицетворение на Лара Крофт е опседната со собирање ножеви.

Во една прилика таа откри дека во ова нејзино „хоби“ активно е вклучен и синот Медокс.

„Мајка ми ми ги купи првите ножеви кога имав 11 или 12 години. И јас веќе му купив на Медокс некои работи“ -  вели актерката.

Понатаму таа нагласува дека сечивата на ножевите во нивната колекција се отапени за да бидат безбедни за семејството и дека при купувањето секогаш има разговори за насилството.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-03.jpg

Деми Мур - Кукли

Во едно интервју Деми Мур откри дека е страстен колекционер на кукли.

Таа открива дека ова хоби го започнала непосредно по разводот со Брус Вилис.

Актерката признава дека кога и да оди на патување речиси секогаш со себе носи плишани играчки или кукли.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-02.jpg

Леонардо Ди Каприо - Играчки од супер херои

Леонардо Ди Каприо е опседнат со собирање играчки од супер-херои.

Според пишувањата во медиумите, во еден миг, актерот поседувал над 150 фигури од „Војна на Ѕвездите“, над 200 фигури од суперхерои и околу 200 роботи и вселенски играчки.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-05.jpg

Никол Кидман - Стари парички

Меѓу познатите личности што собираат парички често се спомнува и актерката Никол Кидман.

Имено, се напоменува дека поранешната сопруга на Том Круз во својата колекција поседува парички што датираат уште од Јудеја.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-06.jpg

Џони Деп - Барби кукли

Актерот Џони Деп во една прилика призна дека има огромна колекција од Барби кукли. Тој самиот рече дека прво ги купувал за неговата ќерка Лили Роуз Деп и куклите ги користел за да ѝ раскажува приказни пред спиење, а потоа немал срце за да се ослободи од нив.

Тој има огромна колекција со кукли, во која се вклучени и барбики на познатите личности.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-07.jpg

Џон Траволта –авиони

Актерот Џон Траволта можеби поседува една од најскапите колекции во светот, која вреди околу 50 милиони долари, затоа што тој собира вистински авиони.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-08.jpg

Џон има сертификат за летање, а за своите седум авиони има изградено хангар и писта сместени зад неговиот дом во Флорида, па така тој дома има фунционален аеродром.

chudnite-kolekcii-na-poznatite-lichnosti-09.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Анџелина Џоли најмила убиец во младоста за да ја убие: „Тој ме премисли – ме натера да сфатам дека т... „Беше навистина учтив и ми рече да размислам убаво па да го побарам по два месец...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Бредли Купер брза да ја земе ќерката на која ѝ се слошило, Џеј Ло ја држи мајка ѝ за рака: Фото-дока... Бредли Купер мораше да ја напушти прес конференцијата за најновиот филм „Maestro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg