Ќерката на Пол Вокер неутешно плаче по кавга со сопругот (по првата годишнина од брак)
- Детали
- четврток, 13 октомври 2022
23-годишната Медоу Вокер очигледно има проблеми во бракот - една седмица по првата годишнина таа беше фотографирана комплетно растревожена.
Медоу Вокер (23), ќерката на Пол Вокер, се омажи за нејзиното момче – актерот Луис Торнтон-Алан (24) минатата година во октомври, а сега, една година подоцна, парот беше фотографиран за време на средба во ресторан во Њујорк, по која Медоу неутешно плачеше.
Парот минатата недела прослави една година брак, но очигледно имаат некој проблем кој ја растревожува Медоу.
Таа почнала да плаче на масата и со солзи во очите се оддалечила оттаму, пред потоа повторно да се врати кај сопругот, кога ја фотографирале папараците.
Медоу Вокер во Њујорк:
Прочитајте и Ќерката на Пол Вокер (22) се омажи – Вин Дизел, најдобриот пријател на татко ѝ, ја однесе до олтарот (фото+видео)
С. С. | Црнобело