Ќерката на Пол Вокер (22) се омажи – Вин Дизел, најдобриот пријател на татко ѝ, ја однесе до олтарот (фото+видео)
- Детали
- сабота, 23 октомври 2021
Медоу Вокер, ќерката на Пол Вокер, се омажи за нејзиното момче – актерот Луис Торнтон-Алан. На венчавката присуствуваше и добриот пријател на нејзиниот татко, Вин Дизел, кој ја однесе и до олтарот.
22-годишната Медоу и нејзиното момче Луис се венчаа по неполна година заедно. Парот ја најави свршувачката во август годинава, само неколку недели откако потврдија дека се пар.
На церемонијата присуствуваше и добриот пријател на покојниот Пол Вокер – Вин Дизел – кој ја однел Медоу до олтарот.
Медоу ги соопшти новостите со неколку Инстаграм објави, вклучувајќи и црно-бело видео со опис:
„Се венчавме!!!“
https://www.instagram.com/p/CVV9nSNJX-2/
За посебниот ден Медоу одбрала долга, едноставна венчаница во која изгледа прекрасно.
Момчето Луи носеше црно сако и црни панталони, додека Вин Дизел одбрал светлосин костум и бела кошула.
https://www.instagram.com/p/CVWUs1Np-4X/
https://www.instagram.com/p/CVWH0iHpbSk/
Медоу Вокер е единствената ќерка на холивудскиот актер Пол Вокер кој го загуби животот во сообраќајка во 2013 година. По трагичната смрт, неговиот добар пријател и колега Вин Дизел се зближи со ќерка му, па дури и ја презеде неговата улога на венчавката и ја испрати до олтарот.
Спирова С. | Црнобело