„Проклетството Кардашијан“ уништува животи – дали е вистинска оваа теорија на заговор и од каде потекнува?
- Детали
- вторник, 11 октомври 2022
Ако сте обожавател на семејството Кардашијан, тогаш несомнено сте слушнале за „Проклетството Кардашијан“. Терминот се користи за да се опише лошата среќа што изгледа го следи секој што се зближува со Кортни, Клои и Ким Кардашијан. Има гласини дека тоа дури е проширено и на нивните полусестри, Кендал и Кајли Џенер. За што станува збор?
Се вели дека проклетството најмногу влијае на романтичните партнери на жените, но исто така влијае и на пријателите на познатото семејство.
Што се однесува до историјата, слободно може да се каже дека секој маж поврзан со ова семејство претрпел драматичен пад.
Но, дали навистина се виновни Ким, Клои и Кортни? Се чини дека така мислат сите оние кои не ги сакаат. Што мислите вие?
Неколку „жртви“ на проклетството Кардашијан:
Џејмс Харден ја имаше „најлошата година во животот“ додека излегуваше со Клои
Џејмс е НБА-ѕвезда, а дури и тој самиот таа година ја нарече „најлошата година во неговиот живот“. Годината кога излегуваше со Клои, неговиот тим освои само 41 натпревар, 15 помалку од претходната година и 14 помалку од годината потоа.
Слабите перформанси на Џејмс беа пренесени и во пост-сезоната, каде што тимот беше елиминирани од Голден Стејт Вориорс во 5 натпревари откако стигнаа до финалето на Западната конференција.
Џејмс ја препиша својата недоволна работа, барем делумно, на врската со Клои. Тој веруваше дека вниманието ставено на него го одвлекувало нековиот фокус од кошарката.
Скот Дисик ги загуби двајцата родители додека се забавуваше со Кортни
Дисик, поранешниот сопруг на Кортни и татко на нејзините три деца, трагично ги загуби двајцата родители во период од неколку месеци.
Неговата мајка Бони почина во јуни 2013 година, а потоа неговиот татко Џефри почина следниот јануари.
Тој, исто така, имаше епизоди на зависност од алкохол и дрога во текот на неговото прикажување на „Keeping Up With The Kardashians“, а голем дел од тоа беше документирано во шоуто.
Дисик силно верувал дека страда од „Проклетството Кардашијан“, толку многу што посетил јасновидец во епизода од шоуто во 2016 година. Потоа, јасновидецот ги „потврди“ своите сомнежи со читање тарот.
https://www.instagram.com/p/CVwBU1hpYO7/
Дејмон Томас поднесе банкрот откако се разведе од Ким
Томас уживаше во успехот на дуото The Underdogs пред да се ожени со Ким во 2000 година, но не можеше да го избегне страшното проклетство по нивниот развод во 2003 година.
Музичкиот продуцент поднесе барање за банкрот неколку години по неговата разделба со Ким. Судските документи, исто така, открија дека Томас имал повеќе од 3,5 милиони долари долг, повеќето од неплатени даноци.
Ким тврдеше дека Томас ја малтретирал физички и емоционално во текот на целиот развод. Томас јасно стави до знаење во интервјуата дека со задоволство не се навраќа на нивното време заедно.
Еден од неговите коментари гласи: „Таа не знае да пишува, да пее или да танцува. Воопшто не е кул“.
Тристан Томпсон пропадна во финалето на НБА додека се забавуваше со Клои
Врската на Томпсон и Клои, како и многумина со кои се вмешани Кардашијан, не беше најстабилна поради неговото често изневерување.
Тристан Томпсон се соочи со гневот на проклетството во најлошото можно време, во финалето на НБА во 2017 година. Во првите три натпревари од серијата, Томпсон забележа вкупно осум поени и 11 скока, па неговиот тим ги загуби сите три натпревари од евентуалниот шампион Голден Стејт Вориорс.
Друга жртва на проклетството е и Тревис Скот
Тревис Скот и Џенер се зближија за време на фестивалот Коачела. Истата година, Џенер ја објави својата бременост и парот го дочека своето прво заедничко дете.
Сепак, сето тоа падна во вода кога двојката беше погодена со скандал со изневерување во 2019 година.
Наводно, Кајли видела премногу пријателски пораки на Инстаграм со неколку жени, што го натерало раперот да го избрише својот профил на Инстаграм.
Потоа, за време на еден четиридневен фестивал кој се одржува во Чикаго, Скот беше цел на неверојатно остри критики. Трагедијата се случи кога неколку фанови, меѓу кои и едно дете, починаа од задушување за време на неговиот настап.
Публиката го молеше пејачот да го прекине концертот и да побара помош од неговите обожаватели, но безуспешно.
Оттогаш, Скот се соочи со многу онлајн критики кои тврдеа дека пејачот ги игнорирал молбите и го обвинуваат дека е соучесник во случајната смрт.
Проклетството, сепак, се чинеше дека ја прекина својата магија на почетокот на оваа година кога парот го дочека своето второ здраво бебе.
Kанје Вест се соочува со низа психички проблеми и веќе сите се загрижени за неговото ментално здравје
За падот и влошувањето на менталното здравје на Канје Вест моментално многу се зборува, прочитајте повеќе: Пријателите сериозно загрижени за менталното здравје на Канје Вест: „Никогаш не му било полошо, ќе биде хоспитализиран“
M. Г. | Црнобело