„Професорите нѐ будеа во 4 наутро за да нѐ силуваат“ - Парис Хилтон со нови детали за животот во поправен дом
- Детали
- среда, 12 октомври 2022
„Доцна во ноќта, во околу 3 или 4 часот наутро, ме земаа мене и другите девојчиња за наводно да ни извршат медицински преглед, а подоцна сфативме дека нè силувале“ – Парис Хилтон сподели нови детали за хорор искуствата во училиштето за проблематични девојки, каде била испратена од родителите за да го поправи однесувањето.
Богатата наследничка и старлета Парис Хилтон (41) во 1998-тата година била сместена во училиштето за проблематични девојки Provo Canyon, каде нејзините родители ја испратиле на возраст од 16 години затоа што не можеле да се справат со нејзиниот бунтовен карактер.
Во текот на изминатите години Парис во повеќе наврати зборуваше за хоророт што го доживеала додека била сместена во училиштето, со цел да спречи и други деца да бидат жртви во таквите институции, а новите детали што таа неодамна ги сподели со јавноста во интервју за New York Times во голема мера ја шокираа јавноста.
„Доцна во ноќта, во околу 3 или 4 часот наутро, ме земаа мене и другите девојчиња за да ни извршат медицински преглед“ – вели таа и додава дека овие прегледи не ги извршувале лекари туку наставници кои ги терале девојчињата да легнат на маса, да рашират нозе и со прсти им правеле „гинеколошки прегледи“.
Самата вели дека со текот на годините се обидела да ги потисне овие сеќавања, но дека сега, како возрасна личност е свесна дека тоа било сексуално злоупотребување.
„Плачев додека ме држеа на масата и повторував: ‘Не’, а на што тие ми рекоа: ‘Замолчи. Биди тивка. Престани да се бориш или ќе те однесеме кај гинеколог. Навистина е важно да се отворам за овие болни моменти за да можам да заздравам и да заборавам на злоупотребувањето’“ – напиша таа на социјалните мрежи.
Инаку, Парис во училиштето за проблематични девојки престојувала 11 месеци, а претходно во својот документарен филм This is Paris, таа рече дека знаела дека уште кога ја испратиле во училиштето знаела дека тоа ќе биде најлошото искуство во животот.
„Тоа требаше да биде училиште, но наставата не им беше приоритет. Од моментот кога ќе се разбудев сѐ додека да си легнам, некој ми викаше и тоа беше постојана тортура“.
Освен Парис, за хорор искуствата во училиштето прозбореа уште три нејзини врснички. Таа тврди дека на девојчињата на сила им давале лекови, ги врзувале со синџири, а некогаш ги ставале во самица и по 20 часови дневно.
„Бев толку благодарна што излегов оттаму и никогаш веќе не сакав да зборувам за тоа. Се срамев од тие моменти и не сакав да зборувам за нив“ – тврди Парис и вели дека од таа причина во периодот од 1999-та година па сѐ досега не говорела за искуствата во училиштето.
Б. С. Б. | Црнобело