Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Афери, скандали и неочекувани бебиња - Кои славни врски не ја преживеаја 2022-ра година? (фото)

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон

Додека сите медиуми пишуваа за нивното помирување, тој имал афера со друга девојка. Вестите за тоа стигнаа 9 месеци подоцна кога Марали Николс на свет го донесе третото дете на кошаркарот.

Набрзо потоа Клои и Тристан ставија крај на врската, но таа со него го доби своето второ дете, овојпат преку сурогат мајка.

aferi-skandali-i-neochekuvani-bebinja-koi-slavni-vrski-ne-ja-prezhiveaja-2022-ra-godina-foto-09.jpg

Жизел Бундшен и Том Бреди

Жизел Бундшен и Том Бреди годинава ставија крај на бракот по 13 години заеднички живот.

Причината за разделбата била затоа што тој сакал да се посвети на кариерата, а се очекува парницата да се одвива долго затоа што тие двајцата имаат големо богатство што треба да го поделат, а дополнително треба да се договорат за старателството над двете деца.

aferi-skandali-i-neochekuvani-bebinja-koi-slavni-vrski-ne-ja-prezhiveaja-2022-ra-godina-foto-10.jpg

Франчесо Тоти и Илари Блази

Франческо Тоти и Илари Блази важеа за еден од најскладните парови во Италија, а таа изјави дека никогаш нема да може да му прости неверство.

Парот по 17 години брак најави дека се разведува, откако со месеци се шпекулираше дека фудбалерот има афера со 11 години помлада девојка Ноеми Бочи.

aferi-skandali-i-neochekuvani-bebinja-koi-slavni-vrski-ne-ja-prezhiveaja-2022-ra-godina-foto-13.jpg

Емили Ратајковски и Себастијан Беар Меклард

По 4 години брак и гласини за неверство манекенката и дизајнерка Емили Ратајковски одлучи да стави крај на бракот со Себастијан Беар Меклард.

Набрзо по разделбата, таа беше забележана како се бакнува со непознат маж, имаше шпекулации дека е во врска со Бред Пит, за на крај да биде потврдено дека сѐ почесто се гледа со бившиот дечко на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон.

aferi-skandali-i-neochekuvani-bebinja-koi-slavni-vrski-ne-ja-prezhiveaja-2022-ra-godina-foto-06.jpg

Дејвид Гета и Џесика Ледон

Речиси секое заедничко појавување на светски познатиот диџеј Дејвид Гета (54) и неговата 30-годишна девојка Џесика Ледон привлекуваше внимание во медиумите, а годинава по 7 години врска, парот одлучил да се раздели.

Причината за нивната разделба е големата оддалеченост. Дејвид во моментов живее на Ибица каде постојано има настапи, а Џесика останала во САД, каде е посветена на својата актерска кариера.

aferi-skandali-i-neochekuvani-bebinja-koi-slavni-vrski-ne-ja-prezhiveaja-2022-ra-godina-foto-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg