На Емили Ратајковски ѝ се допаѓал Пит Дејвидсон уште пред да се разведе – прво појавување на парот во јавност (фото)
- Детали
- понеделник, 28 ноември 2022
Емили и Пит за првпат се појавија во јавност како пар, а уште минатата година, пред да се разведе, Емили Ратајковски имаше само пофални зборови за Пит Дејвидсон и сподели дека ѝ се допаѓа.
Неодамна Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон беа „уловени“ како се прегрнуваат во зградата на моделот во Њујорк, пред да отидат во нејзиниот дом.
Сега, пак, тие првпат се појавија во јавност како пар, на кошаркарски натпревар во Њујорк.
31-годишниот модел и 29-годишниот комичар беа во друштво на уште неколку ѕвезди, како актерот Бен Стилер.
Емили носеше кафеава јакна во комбинација со фармерки и чизми, додека Пит Дејвидсон беше во опуштено издание со тренерки.
И двајцата изгледаа одлично расположени и постојано се смееја.
Иако врската на Емили и Пит е релативно нова, моделот зборуваше за комичарот уште пред една година, односно пред да се разведе.
Тогаш Емили откри зошто на многу жени, вклучувајќи ја и неа, им се допаѓал Пит Дејвидсон.
„Очигледно, тој е привлечен за жените. Мажите се прашуваат што гледаме кај него, а јас сметам дека изгледа многу шармантен. Ранлив е. Пријатен е. Лакот за нокти му е одличен. Изгледа добро! Има добар однос со мајка му. Ние го сакаме тоа“, изјави Емили во ноември 2021-ва.
Емили и Себастијан се разделија во јули годинава, откако се појавија гласини дека тој ја изневерува. Истиот период, и Пит Дејвидсон стави крај на врската со Ким Кардашијан.
Според изворите, Емили се чувствувала многу подобро по разводот.
„Добра е и се адаптира на животот како сингл мајка по разводот. Оди на состаноци и се забавува. Емили се гледа со Пит и смета дека тој е харизматичен и смешен, и дека е добар партнер за преболување на разводот.
Нивната врска не е сериозна, но на Емили ѝ се допаѓа што се чувствуваат пријатно кога се заедно и се забавуваат“, тврди извор за Entertainment Tonight.
Засега ни Емили ни Пит ја немаат прокоментирано нивната врска.
Повеќе фотки од парот на натпреварот:
Спирова С. | Црнобело