Емили Ратајковски на романтичен состанок со бившиот на Ким Кардашијан – се прегрнуваат пред нејзиниот дом во Њујорк (фото)
- Детали
- четврток, 17 ноември 2022
По гласините дека се пар, Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон беа фотографирани како се прегрнуваат во зградата на моделот, пред да се упатат кон нејзиниот стан, со тоа потврдувајќи ја нивната романса.
Емили Ратајковски и бившиот на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон, првпат беа забележани заедно во јавност, со тоа потврдувајќи ги гласините за нивната романса.
29-годишниот комичар и 31-годишниот модел беа „уловени“ од папараците во Њујорк додека беа на романтичен состанок.
Пит и Емили беа фотографирани како се прегрнуваат во зградата во којашто живее моделот, пред да заминат во нејзиниот стан.
И двајцата беа во лежерно издание, со тренерки и црни јакни.
Потоа Емили беше фотографирана како излегува од зградата и беше сама, но не ја тргаше насмевката од лицето.
Пред неколку денови, извор на Us Weekly откри дека Пит и Емили навистина се пар, но уште се во почетната фаза на нивната врска. Сепак, изворот тврди дека помеѓу нив навистина постои хемија.
Наводно, тие биле во контакт веќе неколку месеци, а досега имаат излезено на повеќе состаноци. Изворот вели дека се запознале преку заеднички пријател.
По разводот во септември, Емили Ратајковски беше поврзувана со неколку мажи, вклучувајќи го и Бред Пит. Минатиот месец таа беше и фотографирана како споделува страстен бакнеж со непознат маж.
Пит Дејвидсон, од друга страна, е првпат да биде забележан со друга жена откако стави крај на врската со Ким Кардашијан.
Пред Ким, комичарот беше во врска со неколку познати жени, вклучувајќи ги Аријана Гранде и Кејт Бекинсејл.
Спирова С. | Црнобело