Емили Ратајковски страсно се бакнува со непознат маж, по гласините за врската со Бред Пит и неверството на сопругот (фото)
- Детали
- вторник, 18 октомври 2022
Емили Ратајковски изгледа среќно, па дури и вљубено покрај мистериозниот маж со кој сподели страстен бакнеж. Пред три месеци, таа се раздели од сопругот кој редовно ја изневерувал, а некои извори тврдат дека имала и кратка романса со Бред Пит.
Емили Ратајковски сподели страстен бакнеж со непознат маж во Њујорк, три месеци откако се раздели од сопругот кој ја изневери.
По бакнежот, 31-годишниот модел и мистериозниот маж шетаа низ улиците на Њујорк, седеа во ресторан, а потоа и се качија на мотор.
На скоро сите папарацо фотки, Емили изгледа навистина среќно, па дури и вљубено и речиси не го тргаше погледот од новиот партнер.
Кратко по разделбата со сопругот, во јавноста се појавија шпекулации дека Емили се гледа со Бред Пит.
Извор близок до актерот и моделот ги потврди гласините за People, но истакна дека не станува збор за ништо сериозно.
„Разделбата со сопругот беше многу тешка за неа. Беше неочекувана. Тајмингот за оваа романса беше совршен. Никој не може да ве расположи како Бред Пит“.
Друг извор, пак, сподели дека помеѓу Емили и актерот имало хемија, но отишле само на неколку состаноци и тоа било сè.
„Тој ја покани на состанок и таа се согласи. Отсекогаш мислела дека Бред е сладок и си помисли дека нема што да изгуби“.
Емили и сопругот беа во брак четири години, а се разделија овој јули, наводно поради неверство.
Пред помалку од две години, тие го добија првото дете – синот Силвестер.
Според Page Six, Емили веќе поднела барање за развод бидејќи сопругот ја изневерувал неколкупати.
Емили нема изјавено ништо ниту во врска со разводот, ниту во врска со Бред Пит, а засега не е познато кој е мажот со кој се бакнуваше.
Повеќе фотки од Емили Ратајковски и мистериозниот маж:
Спирова С. | Црнобело