Афери, скандали и неочекувани бебиња - Кои славни врски не ја преживеаја 2022-ра година? (фото)
- Детали
- недела, 18 декември 2022
Изминатата година имаше голем број славни свадби, но и славни разделби. Додека едни застанаа пред олтар и се заколнаа на вечна љубов, други одлучија да стават крај на врските и да продолжат понатаму.
Некои од славните брзо по ставањето крај на врските, веднаш почнаа нови, други го истражуваат теренот и во неколку наврати беа забележани со различни љубовници, а трети, пак се обидуваат да не коментираат за разделбите.
Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска
Веста за распадот на бракот меѓу српскиот актер и ТВ водител Огњен Амиџиќ и манекенката со македонско потекло Данијела Димитровска брзо се прошири во српските и во македонските медиуми.
Тие двајца се огласија со официјално соопштение, рекоа дека имаат намера својот приватен живот да го зачуваат подалеку од очите на јавноста, но нагласија дека за нивниот развод не е виновна трета личност.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ
Јелена јавно на Инстаграм најави дека се разведува од сопругот Душко Тошиќ, па потоа рече дека сѐ уште немаат поднесено документи за развод и дека тоа го направила со цел да го натера сопругот да се освести затоа што таа нема време за губење.
Ваквите изјави предизвикаа шпекулации во дел од медиумите дека Јелена и Душко најверојатно се помириле, што веднаш беше отфрлено од неговите адвокати.
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон беа едни од најпопуларните славни парови на почетокот од 2022-ра година.
Заедно се појавија на Мет Гала, а Пит Дејвидсон честопати беше на удар на социјалните мрежи од страна на поранешниот сопруг на Ким, Канје Вест.
Како и да е, врската траеше само неколку месеци, па Ким и Пит одлучија да се разделат само неколку месеци подоцна, а причината за тоа била што немале премногу време за врска, а и двајцата биле многу оддалечени.
Шакира и Жерар Пике
Една од разделбите за која што надолго и нашироко се пишуваше е онаа на колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике.
Долго време се шпекулираше дека причината за разделбата на парот е неверството на фудбалерот, па го поврзуваа со голем број девојки.
Пике не чекаше долго за да ја покаже новата девојка во јавност, па така на свадбата кај пријател се појави со новата помлада девојка Чиа Марти.
Леонардо Ди Каприо и Камила Морон
Дури и на доделувањето на Оскарите сите се шегуваа на сметка на Леонардо ди Каприо кој ги остава девојките веднаш штом ќе наполнат 25 години, па така само неколку недели откако неговата девојка Камила Морон го прослави роденденот, тие ставија крај на врската.
Лео не чекаше многу да продолжи понатаму, но овојпат постојат гласини дека е со Џиџи Хадид, која во моментов има 27 години.