По 10 години брак Огњен Амиџиќ се разведува од сопругата со македонско потекло: „За нашиот развод не е виновна трета личност“
- Детали
- четврток, 14 јули 2022
„Нема потреба од шпекулации, за нашиот развод не е виновен некој друг“ – се вели во заедничкото соопштение што Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска вчера го упатија до српските медиуми и во кое информираа дека одлучиле да се разведат.
Српскиот ТВ водител Огњен Амиџиќ (47) и манекенката со македонско потекло Данијела Димитровска (35) најавија дека по 10 години брак одлучиле да се разведат.
Веста ја потврдија двајцата со заедничко соопштение:
„Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син, а по овој повод повеќе нема да се огласуваме ниту да даваме изјави.
За нашиот развод не е виновна трета личност, па нема потреба од шпекулации. Им се заблагодаруваме на сите медиуми на досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате нашата одлука да не говориме на оваа тема“ – стои во соопштението што е пренесено во српските медиуми.
Фото: YouTube
Инаку, Огњен и Данијела се запознале во неговата емисија во 2009-та година каде убавата манекенка со македонско потекло била гостин.
Тој ја запроси на плажата во турското летувалиште Белек и се венчаа во 2012-та година, а една година подоцна го добија синот Матеј.
Заедно со Маринко Маџгаљ, Огњен ја направи песната „Македонка“ која ѝ е посветена на Данијела.
https://www.youtube.com/watch?v=jOPqk_spxi8&t=1s
Прочитајте и Се запознале во емисија, има македонско потекло: Факти за сопругата на водителот Огњен Амиџиќ
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Данијела:
Б. С. Б. | Црнобело