„Процвета откако се разведе“ - Данијела Димитровска во прегратките на дечкото фудбалер
- Детали
- вторник, 20 август 2024
„Конечно е со маж што ѝ прилега и физички и емотивно“ – коментираат следбениците на Данијела Димитровска откако таа објави фотки и видеа со кои покажа како ѝ изгледа секојдневието со дечкото Јеврем Косниќ. Според нив, новиот помлад дечко за неа е подобра опција од Огњен Амиџиќ.
Поранешната сопруга на српскиот ТВ водител и актер Огњен Амиџиќ е лудо вљубена во новиот дечко, фудбалерот Јеврем Косниќ и не сака да ги крие своите чувства.
Таа подолго време е во врска со 6 години помладиот фудбалер, а се чини дека конечно го има вистинскиот партнер покрај себе.
Тие двајца минатиот месец беа заедно на одмор во Црна Гора, а потоа се упатија на островот Крф.
Данијела деновиве сподели фотки и видеа на Инстаграм со кои покажа како ѝ изгледа секојдневието со новиот партнер и дека и кога се на одмор тие двајца се придржуваат до термините за тренинзи.
Данијела и Јеврем заедно вежбаа во теретана, а ТВ водителката која е позната по тоа што многу внимава какви содржини објавува на својот Инстаграм профил, објави кратко видео на кое разменува бакнежи со партнерот.
„Останете фокусирани за да имате тело од теретана“ – напиша таа до видеото, на кое се гледа дека и таа и Јеврем сериозно се посветени на физичките активности и на грижата за своето тело.
Освен ова, Данијела објави уште едно кратко видео на кое се гледа дека ужива во прегратките на помладиот партнер, а на него кратко напиша:
„Моментите како овој“...
Нејзините следбеници сметаат дека Данијела во моментов изгледа многу поубаво отколку во минатото и дека конечно е со партнер кој е вистински за неа.
„Процвета по разводот, се разубави, ослабе, преубаво изгледа сега“;
„Ова е маж кој и физички и емотивно ѝ прилега и е полн погодок за неа“;
„Многу сте згодни и двајцата, а што е уште поважно, делувате многу среќни“ – велат нејзините следбеници на Инстаграм.
Инаку, неодамна Данијела даде интервју во кое рече дека не ја исклучува можноста повторно да влезе во брак.
Според пишувањата во српските медиуми, Данијела и Јеврем се запознале преку сестра му, а на почетокот тие биле пријатели.
Ги споило тоа што и двајцата зад себе имале пропаднати сериозни врски и си биле утеха еден на друг во тешките мигови.
Погледнете го видеото на Данијела со Јеврем:
Б. С. Б. | Црнобело