Огњен Амиџиќ ја однесе сопругата на роденденско патување на Малдиви - водителот со хит фотки од стапалата
- Детали
- петок, 01 ноември 2024
Огњен Амиџиќ за роденден на сопругата ѝ подари аранжман за патување на Малдиви, а оттаму водителот повторно, во свој стил, објавува хумористични фотки од неговите стапала.
Мина Амиџиќ, сопругата на Огњен Амиџиќ, откри дека периодов ужива на Малдиви со саканиот и дека ова патување ѝ е роденденски подарок од него.
Парот таму престојува токму во времето на Халовин, па целиот остров е со костури, лилјаци, пајажини и уште низа детали за тематска декорација.
Од сончање на плажите со бел песок до релаксација со коктели, парот ужива во миговите таму.
Огњен во својот препознатлив хумористичен стил на својот Инстаграм профил повторно објавува фотографии само од неговите стапала.