Огњен Амиџиќ со романтичен потег: На полноќ ја прекина емисијата за да ѝ честита роденден на сопругата

„На најубавата и најдобрата жена на светот денес ѝ е роденден“ – напиша Огњен Амиџиќ во својата објава упатена до сопругата. Тој точно на полноќ прв ѝ го честиташе роденденот со романтичен гест среде емисија.

ognjen-amidjikj-so-romantichen-poteg-na-polnokj-ja-prekina-emisijata-za-da-i-chestita-rodenden-na-soprugata-01_copy.jpg

Сопругата на српскиот ТВ водител и актер Огњен Амиџиќ, Мина денес го слави својот 32-ри роденден.

Нејзиниот 17 години повозрасен сопруг освен што беше меѓу првите што ѝ честиташе на Инстаграм Стори, синоќа ја изненади со романтичен гест.

Огњен синоќа ја водеше новата епизода на неговата емисија AmiG Show, а точно на полноќ одлучи да ја прекине емисијата за да упати важна порака.

„Ве молам за внимание. Денес е роденден на мојата сопруга и сакам да ѝ честитам со песна“ – рече Огњен.

Иако е познат по своите вокални способности, Огњен сепак микрофонот му го препушти на Мирза Селимовиќ кој пред присутните ја отпеа песната насловена „Мина“.

Кликнете на објавата за да го погледнете видеото од честитката на Огњен:

Инаку, неговиот романтичен гест беше пречекан sо громогласен аплауз од присутните во студиото.

Водителот денес објави и фотка од сопругата на Инстаграм Стори, на која напиша:

„На најубавата и најдобрата жена на светот денес ѝ е роденден! Засекогаш да бидеш среќна“.

ognjen-amidjikj-so-romantichen-poteg-na-polnokj-ja-prekina-emisijata-za-da-i-chestita-rodenden-na-soprugata-03.JPG

За потсетување, Огњен ја започна врската со Мина која водеше еден сегмент во неговата емисија, непосредно по разводот со поранешната сопруга Данијела Димитровска.

ognjen-amidjikj-so-romantichen-poteg-na-polnokj-ja-prekina-emisijata-za-da-i-chestita-rodenden-na-soprugata-04.jpg

Огњен и Мина годинава го добија синот кому му го дадоа името Перун.

Во продолжение погледнете неколку фотки од Мина и од синот Перун:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
„Најубавата жена“ - Сопругата на Огњен Амиџиќ, која беше мета на критики, конечно почна да добива по... „Колку си само благословено убава жено...“ е еден од комплиментите кој го добила...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Како изгледа денес слаткото детенце Осман од турската серија „Бурни времиња“? Го запознавме како 5-годишно детенце кое глумеше во трагичната турска серија „Бу...
„Децата ќе го исмеваат“ - Огњен Амиџиќ и сопругата се мета на критики за името на синот, Мина со хит... Долго размислував за тоа име и кога ѝ предложив на Мина веднаш ѝ се допадна. Сак...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg