Раскошна роденденска забава за првиот син на Вељко Ражнатовиќ – покрај базен, со тема Paw Patrol (фото+видео)
- Детали
- петок, 07 јуни 2024
Малиот Жељко го прослави 4-иот роденден во двор покрај базен, со огромен број на балони кои наликуваат на шума, со светлечки натпис „Среќен роденден“ на српски и торта со тема „Paw Patrol“.
Првиот син на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, Жељко, наполни 4 години, а родителите му приредија раскошна тематска забава.
На отворен простор, покрај базен, во тревата беа наредени огромни паравани украсени со балони во зелени нијанси, со натпис од неговото име и текст испишан на српски: „Жељко, Среќен роденден“.
Од околу, од многу балони беа поставени декорации во форма на дрвја, а славеникот дуваше свеќички на торта од неколку ката, декорирана со тема „Paw Patrol“.
Гордиот татко објави фотографија од Жељко со тортата и во описот ги стави српското знаме, емотикон од тигар и напиша „тигарска крв“.
Погледнете видеа од декорацијата и од прославата за роденденот на Жељко:
М. М. | Црнобело