Заводливо го гледа, го гали по косата – Јелена Ѓоковиќ му го честита роденденот на Ноле со видео на Инстаграм

„Не бидејќи си наш, но навистина си најдобар“ – му порача Јелена Ѓоковиќ на сопругот Новак, по повод неговиот 37-ми роденден, а видеото во кое оддалеку може да се види нивната љубов предизвика голем број позитивни реакции на социјалните мрежи.

zavodlivo-go-gleda-go-gali-po-kosata-jelena-gjokovikj-so-hit-video-mu-go-chestita-rodendenot-na-nole-01.jpg

Српскиот тенисер Новаќ Ѓоковиќ денес (22.05) го слави својот 37-ми роденден, a меѓу честитките упатени до него, особено внимание привлече и објавата на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.

Таа објави видео на кое се гледа како тие двајцата се смешкаат, а таа го гледа заводливо и го гали по вратот и по косата, додека во позадина се слуша песната на Селин Дион, Je noux veux.

„Среќен роденден љубов моја.

Среќен роденден на мојот ненормален, откачен и неуморен татичко со срце големо како универзумот.

Не бидејќи си наш, но навистина си најдобар. Те сакаме“ – му порача Јелена на Ноле.

„Нека трае љубовта, среќен роденден Ноле“;

„Ова е божествено“;

„Вие сте прекрасен пар“;

„Немојте да се менувате“ – им порачаа следбениците што имаа можност да го погледнат видеото.

Инаку, Ноле денес може сам себеси да си даде најубав подарок, ако успее да извојува победа над Германецот Јаник Ханфман, со кого ќе се сретне во рамки на второто коло од АТП турнирот во Женева.

Мечот ќе започне во 18:00 часот, а Ноле важи за голем фаворит.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понат... „Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg