Шакира и Пике се разделија по 11 години врска по бројните гласини за неверството на фудбалерот

„Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, ве молиме почитувајте ја нивната приватност“, гласи заедничката изјава на 45-годишната пејачка и 35-годишниот фудбалер.

shakira-i-pike-se-razdelija-po-11-godini-vrska-po-brojnite-glasini-za-neverstvoto-na-fudbalerot01.jpg

Изминативе неколку денови повеќе шпански медиуми споделија дека Шакира и Пике повеќе не се заедно, наводно поради неверство на фудбалерот. Сега тие ја потврдија веста за разделбата, но не открија која е причината.

Со заедничка изјава за медиумите, 45-годишната пејачка и 35-годишниот фудбалер открија дека повеќе не се заедно:

„Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се нашиот најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето“.

shakira-i-pike-se-razdelija-po-11-godini-vrska-po-brojnite-glasini-za-neverstvoto-na-fudbalerot-07.jpg

Шпанскиот медиум El Periodico тврди дека тие живеат одвоено веќе неколку недели откако пејачката го избркала фудбалерот од дома.

Парот не спомна ништо за неверство, но шпанските медиуми велат дека тој веќе уживал во ергенскиот живот.

shakira-i-pike-se-razdelija-po-11-godini-vrska-po-brojnite-glasini-za-neverstvoto-na-fudbalerot-04.jpg

Претходно, во 2017 година, исто така имаше гласини дека парот ставил крај на врската, но тогаш се покажаа како лажни.

shakira-i-pike-se-razdelija-po-11-godini-vrska-po-brojnite-glasini-za-neverstvoto-na-fudbalerot-06.jpg

Шакира и Пике се запознаа во 2010-та за време на снимањето на спотот за песната Waka Waka. Официјално ја потврдија врската следната година.

Во 2012-та тие споделија дека го очекуваат првото дете – синот Милан, а во 2015-та го добија и второто – синот Саша.

shakira-i-pike-se-razdelija-po-11-godini-vrska-po-brojnite-glasini-za-neverstvoto-na-fudbalerot-05.jpg

Шакира и Пике многупати имаа изјавено дека воопшто не размислуваат за брак, но нивната врска важеше за една од најстабилните во светот на славните.

shakira-i-pike-se-razdelija-po-11-godini-vrska-po-brojnite-glasini-za-neverstvoto-na-fudbalerot-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Која е 23-годишната девојка што се појави по гаќи и чуден градник на MTV VMA 2024? На синоќешното одржување на MTV VMA наградите, покрај многуте добри и лоши стајл...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg