Јелена Карлеуша објави дека се разведува од Душко: „Ќе го преживеам и ова, а брачниот имот е препишан на децата“
- Детали
- вторник, 05 јули 2022
„По 14 години, за жал, Душко веќе не се гледа како дел од нашето семејство. Животот продолжува, ќе го преживеам и ова. Цел брачен имот е препишан на нашите деца, а старателството ми припаѓа мене“ – гласи дел од изјавата на Јелена Карлеуша по повод разводот.
Веќе подолг период јавноста се прашува дали Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ сè уште се во брак по сите скандали и случувања поврзани со нив во таблоидите.
Српската пејачка се обидуваше да ја задржи приватноста во семејството и веројатно да се избори за бракот, но сега и официјално ставија крај.
На социјалните мрежи Јелена објави соопштение дека по 14 години брак, таа и Душко ставаат крај.
Прочитајте ја целосната изјава:
„Душко и јас се договоривме спогодбено да ставиме крај на нашиот брак по 14 години.
За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничко правните работи ќе бидат спогодбено решени во наредниот период.
Во овој тежок период за нашето семејство и деца, нема да молам за разбирање од медиумите, затоа што е залудно. Од јавноста не очекувам човечност ниту разбирање, само ликување и перење уста со нашиот живот што е нешто на што сум навикната. Па навалете...
Преживеав сѐ, ќе го преживеам и ова. Животот оди понатаму.
За да спречам неточни натписи, цел брачен имот е препишан на нашите деца, а старателството над децата ми припаѓа мене.
Каква било напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Нема повеќе да се огласувам на оваа тема“.
Прочитајте и Родителите го пратиле во дом бидејќи немале пари, а денес е милионер – Факти за Душко Тошиќ, сопругот на Карлеуша
М. М. | Црнобело