Родителите го пратиле во дом бидејќи немале пари, а денес е милионер – Факти за Душко Тошиќ, сопругот на Карлеуша

Неговите родители биле мошне сиромашни па го пратиле во дом за деца без родителска грижа, а денес е втор најплатен српски фудбалер. Од Кина избегал со последниот авион пред избувнувањето на пандемијата. Факти за сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.

so-posledniot-avion-pobegnal-od-kina-koga-izbuvna-pandemijata-kako-dete-roditelite-go-pratile-vo-dom-fakti-za-dushko-toshikj-01.jpg

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ (36) од 2008-ма година е во брак со српската пејачка Јелена Карлеуша (43), заедно имаат две ќерки, а деновиве е актуелен поради обвиненијата на неговата сопруга дека бил насилен кон неа и ја удрил.

По обвинувањата од неговата сопруга нему му беше изречена 30-дневна забрана за пристап до неа.

Тој се огласи со своја објава на Инстаграм Стори каде рече дека иако вообичаено молчи кога нивните семејни проблеми се провлекуваат во медиумите, сепак сега почувствувал потреба да се огласи:

„Како што знаете и можете да видите, јас секаде сум претставен како насилник и во секој наслов јас сум полошата страна.

Јас сум прв меѓу оние што не поддржуваат насилство и никогаш не сум се служел со тоа. Затоа сакам да знаете дека во тие наслови и весници јас воопшто не се пронаоѓам.

Луѓето што ме знаат мене знаат дека сум човек што секогаш се труди да биде господин каде и да одам и што и да правам.

Затоа сакам да знаете дека и овојпат ќе си останам доследен на себеси, ќе ги игнорирам измислиците и ќе чекам да пројде ветерот против мене“ – напиша тој и им порача на луѓето повеќе да се сконцентрираат на ситуацијата со Новак Ѓоковиќ, затоа што и тој поминал низ истиот пекол во Кина.

so-posledniot-avion-pobegnal-od-kina-koga-izbuvna-pandemijata-kako-dete-roditelite-go-pratile-vo-dom-fakti-za-dushko-02.jpg

Денес Душко живее во луксуз, благодарение на фудбалската кариера, но нештата не биле секогаш такви какви што се денес.

Во продолжение погледнете неколку интересни факти за сопругот на Јелена Карлеуша што можеби не сте ги знаеле:

Душко Тошиќ е српски фудбалер кој игра за српската репрезентација но и за кинескиот клуб Гуангжу. Тој израснал во малото село Орловат во близина на Зрењанин, а неговите родители иако многу го сакале, немале премногу финансии за да го образуваат.

Таткото на Душко, Милорад, поради тешката финансиска состојба морал да го испрати синот во Домот за деца без родителска грижа „Ангелина Којиќ Гина“ каде тој го завршил образованието и тренирал фудбал.

Поради тешката финансиска состојба неговите родители немале пари ниту да купат телевизор, а соседите раскажуваат дека малиот Душко знаел да се искраде од дома и кај соседите да ги следи фудбалските натпревари.

Фудбалот и посветеноста на спортот му донесоа богата кариера и му овозможија денес да ужива во луксуз.

Тошиќ и Карлеуша се запознале во 2007-мата година, а по само неколку месеци забавување се одлучиле да се венчаат. Во 2008-ма година направија свадба на која присуствуваа голем број фудбалери и личности од естрадата.

Првата ќерка Атина ја добија во септември 2008-мата година, а во 2009-тата ја добија и втората ќерка Ника.

Додека Тошиќ играше во Турција, семејството живееше на релација Белград – Истанбул. Во 2018-та година Тошиќ ја прифатил понудата на поранешниот српски репрезентативец Драган Стојковиќ Пикси и почнал да игра за кинескиот клуб Гуангжу, каде потпишал договор вреден 5,8 милиони евра за сезона и стана втор најплатен фудбалер во Србија.

Во 2020-тата година Тошиќ беше актуелен и со неговата приказна што му се случила непосредно пред избувнувањето на светската пандемија со корона. Како што рече, успеал со последниот авион да побегне од Кина и да се врати во Србија.

Според пишувањата во српските медиуми, доколку Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ сепак се одлучат да се разведат, таа од него ќе добие поголема сума пари, а се шпекулира дека станува збор за милиони.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg